Автор: Редакција
Претседателот Доналд Трамп го повика Конгресот да поддржи буџет за одбрана од 1,5 трилиони долари, паралелно со големи кратења на домашните програми, со што официјално го потврди амбициозното зголемување на воените трошоци што го најавуваше со месеци, пренесува Политико. Во серија буџетски информативни листови, објавени во пресрет на поширокото претставување на фискалниот план на претседателот, Белата куќа наведе дека предвидува зголемување на воениот буџет за повеќе од 40 отсто за фискалната година што почнува во октомври. Администрацијата на Трамп формално предлага републиканците во Конгресот да усвојат голем дел од тие средства за одбрана, околу 350 милијарди долари, преку процедурата за…
Администрацијата на Трамп прави се што може за да го спаси својот најважен сојузник во Европа, пренесува Политико. Потпретседателот Џеј-Ди Венс, во вторник треба да слета во Будимпешта што покажува дека Белата куќа е крајно подготвена да го поддржи премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, пред националните избори на 12 април. Орбан се соочува со слабеење на рејтингот, бидејќи опозискиот кандидат Питер Маѓар, кој е остро против корупцијата во земјата, бележи раст во анкетите. Посетата на Венс, закажана за вторник и среда, беше претставена од портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач, како прослава на значајните врски меѓу двете земји. „Посетата ја…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Како што информираат од Обвинителството, станува збор за 31-годишен битолчанец, кој е осомничен дека во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година, на компјутерските уреди и опрема што ги користел во својот дом, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија. Според првичните информации, осомничениот воедно бил и вработен во образовна установа, што на случајот му дава дополнителна тежина. Од…
Вчера, во организација на здружението АРНО, се одржа настанот „Иновативна зелена економија преку македонски примери“, кој имаше за цел да ги презентира иновативните идеи на македонските организации Ековита, Јавор Зрновци и Ино Тех Клуб. На настанот беа презентирани македонските зелени иновации: „трутово млеко“, филамент од отпадна пластика и тестенини од печурки. Овие организации имаа можност да создадат прототипи на македонски зелени производи. Во воведниот дел, Ирина Јаневска од АРНО истакна дека проектот ЕИЦЕЕ е стратешка иницијатива за воспоставување на мрежа за циркуларна економија. Покрај подготовката на национални извештаи и научни трудови за јавн политики, клучниот придонес на проектот е создавањето на…
Ректорката на Универзитетот за уметности, Мирјана Николиќ, изјави дека „најголемата победа на просветителската идеја е кога масата извикува дека знаењето е моќ“, пренесува Н1. Во емисијата „Н1 Директно“ Николиќ ја оцени изјавата на министерот Дарко Глишиќ, како „скандалозна“. „Она што го слушнавме од политичарите и од луѓето на одговорни позиции е на граница на здравиот разум. Не само што се шири паника, туку и медиумите кои пренесуваат информации придонесуваат за морална паника. Кога вакви информации ги пласираат носители на државни функции, има луѓе што тоа ќе го сфатат многу сериозно. Тоа не е само морбидно, туку и крајно неодговорно“, рече…
Дуото составено од Бојан и Марија продолжува сигурно да чекори по својот музички пат со авторски македонски песни, а најновото остварување во нивниот репертоар е „Мажена“. Текстот и аранжманот се целосно дело на Бојан, додека музиката ја создадоа заедно со Марија. „Мажена“ носи скокотлива и шармантна приказна, раскажана низ духовит и лесен пристап, што ѝ дава посебен карактер на песната. За истата е снимен и видеоспот во Лондон, во познатата населба Нотинг Хил, кој дополнително ја доловува атмосферата и енергијата на композицијата.
Килијан Мбапе е капитен на француската репрезентација и е само еден гол подалеку од изедначување на Оливие Жиру, кој е најдобар стрелец во историјата на националниот тим со 57 гола. Мбапе ја предводеше Франција до светската титула како тинејџер пред осум години, а со гол против Хрватска стана најмладиот стрелец на финалето на Светското првенство по Пеле.На следното Светско првенство, 2022 година, тој исто така се истакна и повторно ја предводеше Франција до финалето. Аргентина беше подобра таму, но Мбапе стана само вториот фудбалер кој постигна три гола во финалето на Светското првенство. Сепак, на Европското првенство една година претходно,…
Позната по својот весел дух, но и по својот префинет вкус за мода и нејзините детали, Хајди Клум повторно привлече внимание на улиците на Њујорк. За дневната пригода, таа одлучи да го покаже својот чист сексапил, и избра црн фустан од романската дизајнерка Марија Луција Хохан. Heidi Klum’s Leather LBD Looks Like It’s Made of Liquid and Features a Thigh-High Slit https://t.co/5C4xJT71m0 — InStyle (@InStyle) April 2, 2026 Станува збор за асиметрична, креација на преклоп која ја следи линијата на телото и ја истакнува завидната фигура на Хајди. Исто така, е украсена со набори и едвај забележливи линии на долниот…
Во среда, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи Велигденски концерт на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска, сопран, Исмет Вејсели, тенор, Иван Наумовски, баритон/бас и хорот „ПроАрс“. На програмата е и симфониската поема „Прелудии“ од Франц Лист.Во летото 1907 година, за време на престој во Рим, Сергеј Рахмањинов добил анонимно писмо со поемата „Ѕвона“ од Едгар Алан По, во слободна адаптација на рускиот симболист Константин Балмонт. Поттикнат од оваа необична инспирација, Рахмањинов ја создава монументалната хорска симфонија…
Аманда Харпер доживеа јавен линч поради облеката што ја носеше додека ги водеше вестите на Би-би-си. Водителката носеше кожни панталони и високи потпетици, а се чини дека оваа комбинација беше повод за лавина негативни коментари. Луѓето пишуваа на социјалните мрежи дека изгледа „евтино“ и дека „не е соодветно водителка да е облечена вака“. View this post on Instagram A post shared by Amanda Harper (@amandaharper01) „Ужасна комбинација“, „Кој го дозволи ова?“, „Евтиното и невкусното е очигледно во мода. За среќа, се сеќаваме на величествени, достоинствени жени“, беа само дел од коментарите. View this post on Instagram A post shared by…
