Автор: Редакција
Покрај финансиските бариери, Македонија се соочува и со сериозни структурни предизвици – опаѓање на стапките на имунизација кај децата, намалување на очекуваното траење на животот поради пандемијата, висок товар од незаразни болести, висока преваленца на пушење, како и иселување и стареење на здравствените работници. Овие фактори дополнително го усложнуваат обезбедувањето правична, достапна и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани. Ова е наведено во објавата на Институтот за јавнво здравје (ИЈЗ), по повод Светскиот ден на универзална здравствена покриеност, кога се дава значење на тешкиот товар и сериозните последици што ги носат недостапните и премногу високите трошоци за здравствени услуги, како за…
Министерството за внатрешни работи во Северна Македонија има најголем број на службени возила меѓу јавните институции. Според регистарот на Државната комисија за спречување на корупцијата во земјата има вкупно 6.659 службени возила, од кои 693 возила и припаѓаат на Министерството за внатрешни работи. Сепак, од МВР не даваат детали за истите, пишува Порталб.мк. Aнализата за службените возила покажа дека Министерството за внатрешни работи има најголем број на службени возила. Очекувано е оваа институција да има најголем број на возила со оглед на тоа што во неа функционираат голем број различни видови полиција и сектори во рамките на институцијата кои се…
Карло Анчелоти е на чело на Бразил само шест месеци, но веќе ја убеди земјата дека е вистинскиот човек за работата. Според AS, Италијанецот ќе стане најплатениот тренер во светот кога ќе го обнови договорот во јануари. Новиот договор ќе го задржи на чело на оваа репрезентација до 2030 година.66-годишникот досега има само осум натпревари, со четири победи, два нерешени и два порази. И покрај овие резултати, неговите настапи на официјалните натпревари ѝ обезбедија на неговата земја место на следното Светско првенство.Бразилската фудбалска конфедерација е уверена во одличната работа што ја врши Анчелоти. Двете страни веќе се согласија да го…
Астролошки гледано, 2026 година носи силни промени благодарение на влегувањето на Јупитер во Лав, стабилизацијата на Сатурн во Риби и долгорочните трансформации на Плутон во Водолија. Три знаци особено ќе почувствуваат бран на среќа, напредок и големи животни промени. Лав Од летото 2026 година, Јупитер – планетата на среќата, експанзијата и новите почетоци – влегува директно во вашиот знак. Ова се случува еднаш на секои 12 години и носи период што ги отвора вратите за големи животни промени. Ова е годината кога универзумот речиси ве „турка“ на сцената – само треба да зачекорите. Водолија Плутон, планетата на длабоки трансформации и…
На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија денеска во Скопје се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за “Жена на годината 2025”. Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува. Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија…
На прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат зголемување на платите, дури 73,6 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 14,8 отсто од испитаниците сметаат дека зголемувањето на буџетот за македонското правосудство е заслужено. Најголем дел од испитаниците сметаат дека ситуацијата во судството нема да се подобри ако судиите и обвинителите добијат повисоки плати. Во однос на работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски 42,3 отсто од испитаниците дале негативна оценка за неговата работа, а 22,2 отсто оцениле дека тој добро си ја врши работата. Дека тој треба да биде сменет речиси 40% од испитаниците се согласиле со ова тврдење. Анкетирањето…
Како што информираат од МВР, Тошковски во своето обраќање ја истакна важноста на партнерскиот пристап и досегашната успешна соработка со полициските аташеа, која резултираше со бројни заеднички иницијативи, проекти и оперативни активности во области од заемен интерес.Упатувајќи честитки по повод претстојните празници, министерот нагласи дека и во наредниот период ќе продолжи продлабочувањето на партнерската соработка, водејќи се од заедничката цел – јакнење на безбедноста и стабилноста во поширокиот регион, но и глобално.
„Нашето културно наследство, како материјален и нематеријален ресурс, бара внимателно и одговорно управување. Во услови на климатски промени, деградација на просторот и притисок од масовниот туризам, неопходно е да применуваме интегрирани методологии што ги поврзуваат научните знаења, стручните практики и современите технологии. Заштитата на наследството е чин на стратешко планирање, но и чин на одговорност кон идните генерации“, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на министерската конференција на „Советот на министри за култура од Југоисточна Европа – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“ (КОМОКОСЕЕ), што денеска се одржа во Охрид.Според Љутков, глобалните кризи во…
На 13 декември, сабота, со почеток во 19:00 часот, во киносалата на Кинотеката ќе се одржи специјална проекција на кратките филмови изработени од младите филмаџии – учесници на работилницата „Филмска училница“, реализирана од Кинотеката на Република Северна Македонија и Гете-институт Скопје, како дел од меѓународниот проект ФилмЕД.Премиерно ќе бидат прикажани четири кратки филма создадени во рамките на училницата: КЛЕТВАТА НА ПАПАГАЛОТ, ТИ И ЈАС, РОДЕНДЕНСКА МИТЕРИЈА, ПИСМОТО ЗА НАСТАВНИЧКАТА и ДЕВОЈЧЕТО НА СЛИКАТА.Филмските училници од проектот ФилмЕД се одржуваа секоја сабота во Кинотеката во текот на првото полугодие од учебната 2025/26 година, а во нив учествуваа деца на возраст од…
Современиот уметник Сашо Блазес е учесник на меѓународната групна изложба „Par-delà les nuages – abstraction“, организирана од реномираниот француски колектив Réalités Nouvelles, која се одржува во Сужоу, Кина, од 14 декември до 25 февруари.Изложбата обединува современи апстрактни уметници од повеќе земји и ја истражува апстракцијата како универзален визуелен јазик што ги надминува културните и географските граници.Проектот е куриран од Оливие Ди Пицио (Франција) и реализиран во соработка со француски и кинески културни институции.
