Автор: Редакција
Во Гостивар за гласање се пријавени 146 болни и изнемоштени лица, а во затворите треба да гласа 81 лице. Во Маврово Ростуше прифатени се барањата на 69 болни лица за гласање, и двајца затвореници. Во Врапчиште пријавени се 32 болни, а во затворите треба да гласаат 11 жители од оваа општина. Во Центар Жупа пријавени се само двајца болни.Во Гостивар право на глас имаат 82.870 граѓани, а од нив 78.185 гласачи се постојани жители на општината, додека во посебниот Избирачки список за лица кои живеат во странство се запишани 4.604 гласачи. Во Избирачкиот список за Маврово Ростуше се запишани 10.575,…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во обраќањето пред присутните силно го искритикува доскорешниот сопартиец и противкандидат за градоначалник од коалицијата Вреди и рече дека сега е време на нови лица, како што е кандидатот на НАИ, Ваљбон Лимани.„Не ми е мило што Невзат Бејта заврши лошо. Тој застана на погрешна страна, со оние што не го ценат ниту неговото семејство. Како ќе го оправда Невзат Бејта својот избор пред новата генерација? Новите генерации ќе одат напред“, рече Ахмети.Тој кажа дека нема две лица и искрените луѓе се со него и затоа, додаде, ја направиле коалицијата, која, како што нагласи, е…
Додека 2025 година беше обележана со протести на локалните жители против масовниот туризам низ цела Европа, од Канарските Острови па натаму, 2026 година се чини дека носи сосема поинаков тренд. Наместо да се борат против туристите, многу земји сега активно ги покануваат, особено оние кои бараат попристапни пакети и подобра вредност за парите, пишува „Дејли Меил“. Низ Европа, Северна Африка и Азија, сè поголем број земји инвестираат во пристапност, поедноставуваат визни режими и започнуваат кампањи насочени кон привлекување патници кои се свесни за буџетот. Бројни дестинации ја докажуваат својата добредојденост со нови авиокомпании, субвенции и политики што го поттикнуваат туризмот,…
Моделот Емили Ратајковски (34) ја прослави победата на новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, со контроверзна објава на Instagram што ги подели нејзините обожаватели. Видео од нејзиното тверкање во продавница, проследено со фотографија од неа како носи хиџаб во џамија, предизвика лавина од коментари и обвинувања за непочитување. Во видео посветено на „Њујорк на Мамдани“, Емили танцува во продавница облечена во проѕирно црно здолниште и краток топ со отворен грб. Со тоа, таа го поддржа новиот градоначалник – првиот муслимански лидер на најголемиот град во Америка, една недела откако тој положи заклетва. На друга фотографија, Ратајковски позираше во бело со…
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, нагласи дека СДСМ никогаш не го проблематизирале проектот „Сејф сити“ од аспект на безбедноста. Се отвора друго сериозно и суштинско прашање – кој, како и со каква контрола располага со податоците за движењето на граѓаните и возилата. Филипче децидно посочи дека клучната дилема не е безбедноста, туку заштитата на демократијата, приватноста и спречувањето на можни злоупотреби. „Легализација на масовен надзор без соодветни ПИ мерки преку системот „Сејф сити“ со 65 илјади камери овозможува дигитален надзор над движењето на граѓаните. „Сејф сити“ никој не го проблематизира од аспект…
Љубовта носи силни емоции, а кај некои хороскопски знаци тоа често се претвора во изразена посесивност. Астрологијата наведува пет знаци кои најтешко го делат вниманието на саканата личност. Шкорпијата е на врвот – сака длабоко и интензивно, а посесивноста произлегува од силен страв од предавство. Љубомората им е тивка, но силна. Бикот бара стабилност и сигурност, па партнерот го доживува како нешто што мора да се заштити. Не прави сцени, но јасно поставува граници. Лавот сака да биде центар на вниманието. Љубомората кај него е гласна и драматична, а потребна му е постојана потврда на љубовта. Ракот е емотивен и…
Во објава на својата социјална мрежа Трут Сошл, Доналд Трамп тврди дека го откажал очекуваниот втор бран напади врз Венецуела што требаше да следи по рацијата во саботата, во која САД го заробија претседателот на земјата, Николас Мадуро. „Венецуела ослободува голем број политички затвореници како знак на „барање мир“. Ова е многу важен и паметен гест. САД и Венецуела добро соработуваат, особено кога станува збор за обнова, во многу поголема, подобра и помодерна форма, на нивната нафтена и гасна инфраструктура.“, напиша Трамп на Трут Сошл. „Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, кој изгледа дека нема да…
Сенатот донесе резолуција со која ќе се ограничи можноста на претседателот Доналд Трамп да спроведува понатамошни напади врз Венецуела, изразувајќи неодобрување за неговите растечки амбиции на западната хемисфера, пренесува Асошиејтед Прес. Демократите и петмина републиканци гласаа за да се донесе резолуцијата за воени овластувања со 52 гласови „за“ и 47 „против“ и да се обезбеди гласање следната недела за конечно усвојување. Таа практично нема шанси да стане закон бидејќи Трамп ќе мора да ја потпише доколку ја усвои Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците. Сепак, тоа беше значаен гест што покажа вознемиреност кај некои републиканци откако американската војска…
Македонската ракометна репрезентација денеска (17:45 часот) во Винтертур го игра вториот натпревар во рамките на „Жеолтиот Куп“. Селекторот Кирил Лазаров и неговите момци за противник ја имаат репрезентацијата на Украина.Ракометарите турнирот го стартуваа со победа, вчера го победија Бахреин со 32-28. Противникот само еднаш успеа да поведе, преостанатиот меч мина во знакот на „црвено-жолтите“.Турнирот во Швајцарија е последен тест за нашите момци пред стартот на Европското првенство. Македонија игра во Хернинг, на 16. јануари отвара против Данска, два дена подоцна е мечот со Португалија, додека на последниот меч игра против Романија (20.01).Дуелот меѓу Македонија и Швајцарија можете да го гледате…
