Автор: Редакција
Актерката Хали Бери откри дека се свршила за време на гостувањето во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон. Големото прашање го постави нејзиниот долгогодишен партнер, музичарот Ван Хант. „Имаше одредена конфузија околу тоа дали тој ми предложил брак и дали јас го одбив“, рече 59-годишната актерка. „Не, тоа не е вистина. Не реков не. Само сè уште немаме закажано датум.“ По кратка пауза, фановите ширум светот добија јасен одговор – потврда! „Но, секако дека се согласив да се омажам за него! Ми стави ‘прстен’ на раката“, рече таа хумористично. Хали се мажеше три пати, а сега отворено проговори за…
Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжуваат да го промовираат филмот „Wuthering Heights“ во Лондон. За оваа пригода, тие донесоа беспрекорни креации кои зрачат со уникатен моден израз. View this post on Instagram A post shared by Mirad Magazine (@miradmagazine) Треба да се напомене дека зачудувачката русокоса, сепак, беше ѕвезда на вечерта бидејќи нејзиниот фустан беше повеќе од само фустан. View this post on Instagram A post shared by Pixie Tenenbaum (@pixietenenbaum) Марго носеше фустан од турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која полека, но сигурно се прославува во модната индустрија. Нејзините парчиња претставуваат комбинација од темен гламур и винтиџ мода и се…
По својот најдобар настап во кариерата на Австралискиот гренд слем, австралиската тенисерка Медисон Инглис исполни долгогодишна желба со парите што ги заработи. 28-годишната тенисерка се пласираше во четвртото коло на Австралија Опен, заработувајќи ѝ награда од 480.000 долари (407.000 евра), а веднаш искористи дел од сумата за да го купи автомобилот од своите соништа.Таа се пофали на социјалните мрежи со својот нов Мини Купер, автомобил кој отсекогаш било нејзин сон.„Сакам да се возам во мојот Мини Купер, тоа е мојот сон. Ќе видиме како ќе поминат следните неколку месеци“, рече таа кон крајот на јануари. Сега го покажува новиот автомобил,…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја даде својата „целосна поддршка“ на премиерката Санае Такаичи пред националните избори во Јапонија во недела, додавајќи дека со нетрпение очекува да ја угости во Белата куќа следниот месец, пренесува Ројтерс. Првата жена премиер на Јапонија, конзервативка која рече дека црпи инспирација од британската „Железна дама“ Маргарет Тачер, веќе се очекуваше да донесе солидна победа за нејзината владејачка коалиција, според анкетите на јавното мислење. Таа бара јавен мандат за плановите за трошење што ги вознемирија инвеститорите и зајакнување на одбраната што би можело дополнително да ги затегне односите со Кина. Либерално-демократската партија на Такаичи и нејзиниот…
Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, минатата година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата.Годинава пак, прославата се надоврзува на таа традиција, со ново проширување — рецентни меѓународни гостувања и настапи на светски познати уметници, како сведоштво за континуитетот и современата визија на театарот.Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на…
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, е познат по своите цврсти ставови, кои постојано ги применува и на теренот и во приватниот живот. Неодамна сподели еден родителски детал, откривајќи го правилото што строго го следи во воспитувањето на своите деца. Српскиот тенисер низ целата своја кариера покажа дека не отстапува од своите верувања, без оглед на последиците. Неговата одлука да не се вакцинира против вирусот Ковид-19 го чинеше учество на некои од најважните турнири, вклучувајќи го и Отвореното првенство на Австралија во 2022 година, каде што по пристигнувањето во Мелбурн помина дванаесет дена во притвор пред да биде депортиран.…
Џен Селтер е ѕвезда на социјалните мрежи – поточно, нејзиниот задник ја носи таа ласкава титула. Таа има армија следбеници на Инстаграм, кои редовно ги известува за актуелните настани во нејзиниот деловен и приватен живот. Со други зборови, таа често објавува фотографии од својот задник, во привлечни и провокативни изданија. View this post on Instagram A post shared by Jen Selter (@jenselter) Сепак, понекогаш трпи и навреди од своите „обожаватели“. View this post on Instagram A post shared by Jen Selter (@jenselter) Луѓето, вели таа, ѝ пишуваат дека го постигнала својот изглед преку пластична хирургија. Сепак, не ѝ е грижа…
Норвешката полициска единица за економски криминал, Ококрим, соопшти дека отворила истрага против поранешниот премиер и претседател на норвешкиот Нобелов комитет, Торбјорн Јагланд, под сомнение за тешка корупција. Одлуката за истрага на Јагланд, кој е исто така поранешен генерален секретар на Советот на Европа, се базира на информации откриени од новообјавените досиеја поврзани со починатиот американски сексуален престапник Џефри Епштајн, рече Ококрим. „Сметаме дека постојат разумни основи за истрага, со оглед на тоа што тој ги извршувал функциите претседател на Нобеловиот комитет и генерален секретар на Советот на Европа во периодот опфатен со објавените документи“, изјави директорот на Ококром, Пал Лоесет.…
Тој вели дека земјава е подготвена да ги почитува преземените меѓународни обврски, но, како што истакна, истото го очекува и од соседите и од Европската Унија. Мицкоски побара реципроцитет во почитувањето на правата, конкретно посочувајќи на обврските на Бугарија за почитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур.„Ние велиме вака: го почитуваме ли сите меѓународното право? Го почитуваме! Ако го почитуваме, и ако ние сме свесни за преземените обврски на претходната влада, колку и да биле тие катастрофални, преземени се од нашата влада, без разлика кој е таму сега премиер и слично. Дали му е тоа по волја…
„Тоа е еден сериозен случај. Тоа е еден проект кој во минатото го водеше претходната влада која ги доведе голем дел од граѓаните и инвеститорите во заблуда дека на тој начин ќе станат милионери, дека сè ќе биде поинаку – економска трансформација. Тоа беше практично економската политика на владата на СДСМ и ДУИ. Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов која во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија, или пак на некаков начин имало односи…
