Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Трипуновски: Субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци, а не кај „ловците на субвенции“
    Македонија

    Трипуновски: Субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци, а не кај „ловците на субвенции“

    23/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот во гостување на телевизијата „Стар“ изјавил дека најгласни во реакциите околу новата Програма се оние кои не учествуваат во земјоделскиот процес и се чувствуваат загрозени дека ќе бидат елиминирани од системот на субвенционирање.

    „Ги следам реакциите и можам со сигурност да кажам дека најгласни се оние кои не учествуваат во земјоделскиот процес и се чувствуваат загрозени дека ќе бидат елиминирани од новата Програма. Тие се многу погласни од оние кои сериозно и посветено работат на своите површини и продуцираат земјоделско производство“, истакна министерот.

    Тој појасни дека е направена детална анализа за тоа каде била државата, каде е сега и каде треба да стигне во наредниот период. За таа цел била формирана посебна работна група што изработила анализа за стратешкиот период 2021–2027 година, со цел утврдување на приоритетите и целите што треба да ги постигне Стратегијата.

    Според министерот, податоците од анализата биле загрижувачки, поради што се одлучило да се воведат новини со кои средствата што ги обезбедува државата ќе завршуваат кај вистинските земјоделци.

    – Секој земјоделец кој сериозно и посветено работи и продуцира земјоделски производ го нарекувам вистински земјоделец. Сите оние кои сакаат да импровизираат или да го заобиколуваат процесот се т.н. ловци на субвенции, додаде министерот.

    Тој нагласи дека со новините во Програмата ќе се воспостави ред во целиот сектор.

    „Ако од 2007 година до минатата година се поделени над 1,8 милијарди евра во вид на субвенции, а денес состојбите се безмалку слични или исти како претходните години, неминовно е дека треба да направиме промени“, порача министерот.

    Тој кажа дека има случаи каде лица поседуваат земјоделско земјиште, но, не го обработуваат, туку го издаваат под наем на некој што навистина сака да произведува храна.

    „Вистинскиот земјоделец му плаќа на сопственикот за користење на земјиштето. Сопственикот аплицира за субвенции, државата му ги исплаќа, а тој воопшто не го обработува земјиштето“, посочил Трипуновски, образложувајќи ги причините за новините во Програмата.

    Министерот додал дека вистинскиот земјоделец, кој плаќа закуп за земјоделско земјиште, не може да добие никаква поддршка од државата, бидејќи таа ја користи сопственикот на земјиштето.

    „На тој начин се одлеваат средства од државата кон категорија на луѓе кои не произведуваат“, истакнал Трипуновски.

    Затоа велиме, додал министерот, ако имате земјоделско земјиште, треба да докажете дека најмалку 30 проценти од вашето производство сте го предале во некој од регистрираните откупни или преработувачки капацитети.

    Тој посочил дека теренските контроли и оваа условеност ќе резултираат да субвенциите завршуваат кај вистинските земјоделци.

    МИА

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено

    Изложба на Ана Ивановска во Берлин

    Филипче: СДСМ нема соработка со ДУИ или Левица

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.