Автор: Редакција
Претседателот Трамп објави расистички видео клип на кој поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама се прикажани како мајмуни, а потоа го избриша по невообичаено силен и јавен протест од членовите на неговата партија, пренесува Њујорк Тајмс. Клипот, поставен на „Лавот спие вечерва“, беше споен кон крајот на 62-секундно видео кое промовираше теории на заговор за изборите во 2020 година и го објави Трамп доцна во четвртокот навечер. Тоа беше најновото во шемата на Трамп за промовирање навредливи слики и навреди за црните Американци и другите. Одлуката за бришење на линкот од неговиот профил на Трутх Сош…
„Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа. Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата. Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.Освен нов генерален скеретар, вечерва на седница на Централниот комитет беше избран и новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски во изјава за медиуми истакна дека Централниот комитет (ЦК) донел одлука за избор на нов Извршен комитет (ЦК) којшто, како што кажа, „претставува спој меѓу искуството и дел од луѓето кои се веќе дел од претходните состави на ИК и нови членов кои заедно со оние кои во минатото беа дел од ИК ќе го формираат новиот Извршен комитет“.„Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува, и се прилагодува на новите предизвици, нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните“, нагласи Мицкоски, по што го соопшти…
На дебата посветена на извлекување поуки од трагедиите со пожари во ноќни клубови, како оние во клубот „Колектив“ во Букурешт и „Пулс“ во Кочани, претставници од Романија и од Македонија ги споделија искуствата со кои се соочиле и начините на кои институциите одговориле по несреќите. Фокусот на настанот беше ставен на солидарноста, институционалната подготвеност и градењето поефикасни системи за итна реакција. Настанот насловен како „Букурешт – Кочани: Заздравување преку обединетост – научени лекции и патот кон закрепнувањето“ го отвори амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, кој порача дека процесот на опоравување мора да се води заеднички и потсети…
Нашите универзитети спроведуваат над 1.300 студиски програми и притоа има студиски програми со по 2, 3, 5 студенти што е неприфатливо. Тој систем на такво студирање ќе го промениме. Со новите измени во Законот за високо образование, очекуваме драстично намалување на студиските програми. Бидејќи многу брзо ќе треба сите јавни високообразовни установи да се прилагодат на овие услови, очекуваме дека многу голем број од нив ќе се замозатворат или ќе бидат затворени по сила на закон. Ова го изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, зборуваќи за новините кои се предвидени со новите закони за високо образование, за…
Во пријатна атмосфера синоќа во КСП Центар – Јадро беше отворена изложбата „ЗОРА – Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа, лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација што сè уште преживува во балканските шуми.„Отсекогаш сум ги сакала животните и сум се чувствувала поврзано со нив. Сакав да помогнам да се заштитат така што ќе го правам она што најдобро знам – а тоа е сликањето. Истовремено, решив да се фокусирам на непопуларни и недоволно финансирани видови,…
По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина Прилеп, во согласност со можностите и програмските активности на новооформениот состав.Првиот јавен настап на возобновениот Прилепски дувачки оркестар ќе биде во рамки на карневалот „Прочка 2026“, додека програмата на оркестарот ќе се темели на оригиналност и разновидност.Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп, присуствуваше на првата проба на возобновениот оркестар и истакна дека Прилеп континуирано инвестира во културата и во зачувувањето на локалниот културен идентитет. Притоа, тој истакна големо…
Холандија во четвртокот му врати на Египет скулптура стара 3.500 години, откако украдениот артефакт повторно се појави на холандски саем за уметност во 2022 година.Истрагата на холандската полиција и инспекторатот за културно наследство минатата година потврди дека скулптурата била украдена и незаконски изнесена од Египет, најверојатно за време на немирите на Арапската пролет во 2011 година, по што се појавила на меѓународниот пазар на уметност.Експертите веруваат дека артефактот, камена глава која првично била дел од статуа, потекнува од Луксор во јужен Египет. Таа прикажува висок функционер од времето на владеењето на фараонот Тутмос III, кој владеел од 1479 до 1425…
На 19 февруари, со почеток во 20:00 часот, Националниот Џез Оркестар ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет во Скопје, под диригентската палка на маестро Џијан Емин.Renato Chicco е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на 𝐿𝑖𝑜𝑛𝑒𝑙 𝐻𝑎𝑚𝑝𝑡𝑜𝑛 и музички директор на 𝐽𝑜𝑛 𝐻𝑒𝑛𝑑𝑟𝑖𝑐𝑘𝑠 & 𝐶𝑜𝑚𝑝𝑎𝑛𝑦, Chicco делувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција, настапувајќи и во култни џез-клубови како 𝐵𝑙𝑢𝑒 𝑁𝑜𝑡𝑒 и 𝐵𝑖𝑟𝑑𝑙𝑎𝑛𝑑.Денес, неговиот авторски потпис најјасно се препознава преку звукот на хамонд-оргулите…
Организацијата Еко-свест ја најавува следната Еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, која ќе се одржи на 14 февруари (сабота) во Бистро Комедија, од 12 до 15 часот. Во свет во кој доминира брзата потрошувачка, овој настан им нуди на граѓаните алтернативен и свесен начин на размислување. Наместо купување нови производи, Еко трампата поттикнува кружна економија и заедница базирана на споделување и грижа за околината. Зошто да бидете дел од Еко трампата? Настанот е дизајниран за секој кој сака да направи позитивна промена. Учесниците ќе имаат можност: ● Да го победат конзумеризмот: Наместо трошење пари, се користи…
