Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Левица: Обвинителството раководено од ДПМНЕ ги дава првите резултати на политичкиот пазар
    Македонија

    Левица: Обвинителството раководено од ДПМНЕ ги дава првите резултати на политичкиот пазар

    24/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Дополнително, велат од Левица, загрижува фактот што јавноста доби две спротивни објаснувања во краток временски рок. Првин беше соопштено дека нема поплаки за небезбедност и дека во притворот се гарантираат условите како за секој друг притвореник. Потоа Обвинителството се повика на „индиции“ за загрозена безбедност како основ за замена на мерката со куќен притвор повикувајќи се и на наводна загрозеност на безбедноста на семејството.

    „Одговорноста за оваа одлука е во системот што го раководи в.д. државниот јавен обвинител Анита Тополова-Исајловска, која важи за фаворит на ДПМНЕ за иден републички јавен обвинител. Станува збор за обвинителка која во минатото бараше пад на предметот Талир, случајот за нелегално финансирање на ДПМНЕ. Дополнително, нејзините блиски политички релации, како сопруга на ексминистер од истата партија не беа пречка за нејзино позиционирање. Денес гледаме како изгледа тој избор во пракса и по налог на политички пазар – олеснителна мерка за лице кое 14 месеци било во бегство. Во истиот обвинителски систем делува и новиот шеф на скопското јавно обвинителство Анел Фидоски, кој со преквалификација во завршна фаза овозможи застарување на случајот со малата Тамара. Тоа беше јасен пример како процесните механизми можат да се искористат за да се избегне одговорност во предмет од висок јавен интерес. Денешната одлука за куќен притвор се вклопува во истиот образец – флексибилност кога предметот е политички чувствителен“, велат од Левица.
    Според Левица, партијата јасно укажува дека ова е првиот конкретен резултат од кадровската политика на ДПМНЕ во обвинителството.
    „Наместо еднакви стандарди, гледаме селективна строгост. Наместо владеење на правото, гледаме управување со правдата според политички контекст. Ако ова е моделот што ќе продолжи, јавноста има право да заклучи дека институциите не функционираат како гарант на правдата, туку како механизам за нејзино прилагодување“, велат од Левица.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Поранешен функционер на ЦИА уапсен откако ФБИ пронашло златни прачки вредни 40 милиони долари во неговиот дом

    Две легенди на едно место: Књазев и Блажевски после 25 години повторно заедно!

    Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.