Автор: Редакција
Врнежи од снег од утрово го отежнуваат сообраќајот во градовите и на патиштата. Како што информираат од Јавното претпријатие Македонија пат и од АМСМ, од утрово на сила е забраната за тешки товарни возила на превоите Стража, Ѓавато и Пресека, како и на делниците од Маврово до Дебар и од Струга до граничниот премин Ќафасан. Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози, интензитетот е умерен, додека на граничните премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември до 15 март 2026 година е на сила законската обврска за задолжително поседување…
Патнички воз вчера излета од шините во Гелида, во близина на шпанскиот град Барселона, при што загина машиновозачот, а 37 лица беа повредени, изјави портпарол на регионалната влада на Каталонија за Си-Ен-Ен. Инцидентот се случи само два дена по железничката несреќа во Шпанија, во која два брзи возови се судрија во близина на Адамуз во јужната покраина Кордоба, при што загинаа 41 лице. Вчерашната несреќа се случи за време на патнички превоз на линијата R4 – што ја користат илјадници патници дневно – додека возот се движеше помеѓу општините Гелида и Сант Садурни д’Аноја на североистокот од земјата. Излетувањето беше…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се упати кон Давос, Швајцарија, и веројатно ќе го искористи Светскиот економски форум за да го засили својот притисок за стекнување на Гренланд и покрај европските протести во најголемото нарушување на трансатлантските врски во последните децении. Се очекува Трамп, кој вчера го означи крајот на својата турбулентна прва година на функцијата, да го засени годишниот собир што глобалните елити го користат за да дискутираат за економските трендови во снежноалпското одморалиште Давос. Трамп на прес-конференција изјави дека ќе има состаноци за данската територија Гренланд во Давос и е оптимист дека на крајот може да се постигне договор.…
„Во годините коишто следат, потребата од енергија во светот ќе расте, а два ипол пати побргу ќе расте потребата од електрична енергија. Ние во Македонија не смееме да бидеме нем набљудувач, туку треба да бидеме активен чинител и активен учесник“, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој во Давос учествуваше на панел дијалог за инвестиции и нови порти за развој, заедно со американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт. Мицкоски посочи дека повторно ќе треба да се рестартираат енергетските проекти од минатото како што се Чебрен и Галиште, Бошков Мост и останатите, и да се понуди потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на…
НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со општина Охрид утре – среда со омаж посветен на роднокрајниот автор Зоран Ковачевски ќе ја одбележат дваесет годишнината од неговата смрт.Зоран Ковечевски е македонски раскажувач и романсиер, припадник на генерацијата писатели кои творат во духот на критичкиот реализам.Роден е во Светозарево – Србија, на 15 април 1943 а починал на 21 јануари 2006 во Охрид. Ковачевски ги завршил студиите по право на Белградскиот универзитет. Поголемиот дел од животот го поминал во Охрид како вработен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и како судија во Основниот суд. Бил член на ДПМ од…
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело – насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, инфорираат во Обвинителството. „Завчера по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена, со намера и по крајот на работното време таму да консумираат алкохол. Сопственикот не им дозволил, по што тие продолжиле со особено агресивни дејствија во дворот на угостителскиот објект, па физички го нападнале сопственикот и му…
Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) во Хернинг го игра последниот меч од групната фаза на Европското првенство. Противник на Кирил Лазаров е селекцијата на Романија. Ние освоивме еден бод против Португалија, додека пак Романците имаат два порази. Победа на овој натпревар ја посакува и противникот, исто како и нас, па ќе биде доста интересно.Во таборот на Романија се свесни дека ќе мораат да одиграат на врвно ниво доколку сакаат да ги освојат бодови. Велат дека Македонија е анализирана.„Ја гледавме Македнија на двата натпревари и со Данска и со Португалија. Одиграа два добри натпревари, мислам дека имаат многу добар тим…
Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“ на кој како солисти ќе настапат врвниот виолинист Теди Папаврами (Албанија, Велика Британија) и пијанистката Маки Окада (Јапонија, Швајцарија). Диригент е Олси Кинами, а на програмата се увертира од операта „Крадливата страчка“ од Џоакино Росини, Концертот за виолина и оркестар бр. 1 во Де-дур, оп. 6 од Николо Паганини и Концертот за пијано и оркестар бр. 1 во е-мол, оп. 11 од Фредерик Шопен.Кога Теди Папаврами пристигнал во Франција на млада возраст, се соочил со земја и култура што му биле целосно непознати. Поттикнат…
Во секое семејство има барем една личност која ги поврзува сите членови, се грижи да не се изгуби блискоста и ги потсетува колку се важни споделените моменти. Според астрологијата, некои хороскопски знаци се речиси природни во оваа улога. Тие се емоционално сидро, глас на разумот и срце на домот. Ова се трите знаци кои најчесто го држат семејството заедно. Рак Ракот е синоним за семејство, дом и емоционална безбедност. Неговата потреба сите да се чувствуваат сакани и заштитени го прави главен „чувар“ на семејните односи. Зодијачките Ракови се сеќаваат на важни датуми, охрабруваат собири и секогаш се први што се…
Постои причина зошто Валентино Гаравани го доби прекарот „крал на модата“. Уште од неговите најрани денови, поточно, од 1960 година кога го создаде своето ателје, овој моден волшебник имаше јасна визија за своите уметнички дела. Тој знаеше за кого ги создава своите креации и знаеше дека неговите луксузни фустани ќе ги носат жени кои зрачат со женственост и самодоверба. „Мојата амбиција е да го наметнам мојот стил и да се забавувам додека дизајнирам, и да ги направам жените да изгледаат и да се чувствуваат убаво“, рече тој еднаш. Неговите ревии беа повеќе од само мода – тие беа општествен спектакл…
