Автор: Редакција

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток во 20:45 го игра полуфиналиот дуел од бараж мечевите за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето.Противникот ни е Данска, а нашата експедиција од синоќа веќе е во Копенхаген каде што вечерва ќе го има и официјалниот тренинг.Се е подготвено за нов македонски ваков подвиг по оној во Палермо и триумфод над Италија.Што се однесува пак до противникот, Македонија само три пати во својата историја одигра меч против Данска. Во стартните квалификации, оние премиерните во 1994 година за пласман на Европскиот шампионат во Англија 1996 година. Тој историски дуел во Скопје,…

Read More

Младите генерации вработени сè повеќе отворено зборуваат за платите, фундаментално менувајќи ја корпоративната култура и односите на работното место. Според анкетата на Kickresume, спроведена меѓу 1.850 анонимни вработени ширум светот, само 31 процент од испитаниците велат дека за платите може отворено да се дискутира во нивната компанија, додека во 37 проценти од случаите, оваа тема сè уште се смета за табу. Генерацијата Z не крие колку заработува Ставовите кон дискусиите за плати во голема мера зависат од генерацијата. Речиси 40 проценти од членовите на Генерацијата Z тврдат дека за платите се дискутира отворено на нивните работни места – речиси двојно…

Read More

Три лица добија кривични пријави бидејќи на почетокот на месецот краделе кабли од кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Ккао што информира Основното јавно обвинителство, тие во првите денови од март годинава украле различни видови кабли вредни речиси 200.000 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. Додека краделе оштетиле и кабел кој е дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, биле откриени и лишени од слобода. „По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело…

Read More

Доколку цената на нафтата достигне 150 долари за барел, тоа ќе предизвика глобална рецесија, изјави за Би-Би-Си шефот на американскиот финансиски гигант „БлекРок“, Лари Финк. Тој рече дека ако Иран остане закана и цените на нафтата останат високи, тоа ќе има длабоки импликации за светската економија. Во ексклузивно интервју, тој исто така негираше дека постои балон со вештачка интелигенција, иако рече дека новата технологија значи дека премногу луѓе се стекнуваат со универзитетски дипломи, а не доволно техничка обука. „БлекРок“ е финансиски џин, кој контролира средства во вредност од 14 билиони долари и е еден од најголемите инвеститори во многу од…

Read More

Романот „Во Акрата нема мостови“ е книжевно дело што ја отвора темата на патувањето како егзистенцијална потрага, љубовта и релациите меѓу луѓето кои ги обликуваат човечките судбини.„Оваа книга ја напишав затоа што имав потреба да си одговорам на неколку кратки, но за мене тешки прашања. Што значи да сакаш без гаранција дека некој ќе остане, што значи да бидеш родител и да преземеш одговорност за живот што не ти припаѓа, и како се живее со празнини кои не се пополнуваат, туку се носат“, вели авторот Миле Бошњаковски.Книгата ја истражува блискоста меѓу луѓе со различни потекла, јазици и искуства, покажувајќи дека…

Read More

Се затвора и Радио Машал на паштунски јазик, кој емитува програма за Авганистан и Пакистан.„Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио слободна Европа не принуди да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме ресурсите. Длабока благодарност за работата на овие тимови“, изјави Стивен Капус, претседателот и извршен директор на Радио слободна Европа.Лани Доналд Трамп, американскиот претседател, го укина финансирањето на медиумски проекти надвор од САД.

Read More

Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за 2024 година, т.е. за време на претседателските и парламентарните избори, откри серија системски недостатоци во работата на ДИК. Констатирани се низа недоследности – од незаконска распределба на средствата за изборна кампања, преку спроведување на набавки надвор од Законот за јавни набавки, сè до немање соодветни услови за чување на доверливиот материјал. Во тоа време на чело на институцијата беше Александар Даштевски, а потпретседателка беше Дитмире Шеху. Иако не е експлицитно наведено и објаснето, од извештајот може да се заклучи дека севкупно земено за двојните избори во 2024 година биле потрошени дури 23 милиони евра од буџетот. Пренамена на буџетски средства кон политичките актери Еден од најсериозните наоди на ревизијата е начинот…

Read More

Утре, среда се навршуваат 166 години откако на 25 март 1860 година, Григор С. Прличев со поемата „Сердарот“, ја освои првата награда на традиционалниот книжевен конкурс во Атина и е наречен „Втор Хомер“.По тој повод НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе го спроведе проектот „Калдрмата шепоти за Прличев“. Во него се вклучени 10 ученци од неколку паралелки од шесто одделение од општинското основно училиште што го носи името на поетот и преродбеник.-Учениците во Библиотеката најпрво ќе се запознаат со ликот и делото на Прличев а подоцна заедно со мене и уште двајца колеги ќе ја посетат Спомен куќата на Прличев, попатно…

Read More

Данците денес почнаа да гласаат на избори што би можеле да ѝ донесат трет мандат на премиерката Мете Фредериксен, благодарение на нејзиниот цврст став кон американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд, иако грижите за трошоците за живот ѝ наштетија на нејзината левичарска репутација, пренесува Ројтерс. Анкетите покажуваат дека нејзините Социјалдемократи се движат кон најслаб резултат од пред Втората светска војна: многу Данци ја обвинуваат Фредериксен дека не направила доволно за да го заштити нордискиот модел на социјална држава, додека други укажуваат на растечкиот замор по речиси седум години нејзино владеење. Фредериксен, која има 48 години, ги распиша изборите…

Read More

Во Данска деновиве се уште главната тема, кога репрезентацијата е во прашање, е повредата на Микел Дамсгард, фудбалерот на англиски Брентфорд. Во моментов можеби најдобриот репрезентативец на Данска вчера пристигна во кампот на репрезентацијата, но селекторото Брајан Ример пред данските новинари не можеше да потврди дали тој е „фит“ за настап со Македонија во четврток.Дамсгард беше целосно надвор од составот на Брентфорд за време на викендот.„Најважно е што имаме некои играчи кои се 100 проценти подготвени, па затоа ќе ги поминеме следните три дена гледајќи како тој се чувствува. Морам да размислам дали сакам да го внесам на првиот натпревар…

Read More