Автор: Редакција

Меѓу многуте градови што се збогуваа со музичката легенда Халид Бешлиќ во саботата беше и Париз. Обожавателите се собраа пред Ајфеловата кула со знамиња на Босна и Херцеговина за да му оддадат почит на пејачот, а емотивното видео го сподели актерот Енис Бешлагиќ, кој ја започна иницијативата за збогувања низ целиот свет.   View this post on Instagram   A post shared by Enis Bešlagić🎭🎬 (@beslagicenis_jedini_pravi) Видеото прикажува група луѓе кои дојдоа да му оддадат почит на Бешлиќ, додека неговата песна Чардак може да се слушне во позадина. Збогување во повеќе од 60 градови Покрај Париз, повеќе од 60 градови…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за испраќање крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, велејќи дека тоа би обезбедило нов чекор на агресија во војната со Русија. Кога беше прашан дали би испратил „Томахавк“ во Украина, Трамп одговори „ќе видиме… Можеби“. Ова следува по вториот телефонски повик викендот помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се залагаше за посилни воени капацитети за лансирање контранапади против Русија. Москва претходно го предупреди Вашингтон да не му обезбедува ракети со долг дострел на Киев, велејќи дека тоа би предизвикало голема ескалација на конфликтот и би ги затегнало односите меѓу САД и…

Read More

Предавањето на 48 израелски заложници, од кои се верува дека 20 се живи, се очекува да започне во Газа. Заложниците ќе бидат предадени на Црвениот крст, кој ќе ги предаде на израелската војска. Возила на Црвениот крст се видени во Газа, а израелски хеликоптери чекаат веднаш надвор од Појасот. Израелски безбедносен функционер потврди дека првите заложници ќе бидат ослободени утрово, а израелските одбранбени сили се подготвуваат за трансфер и враќање на заложниците како дел од спроведувањето на договорот, во утринските часови, почнувајќи од 8 часот во северниот дел на Појасот Газа. „Времето може да се промени, а ажурирањата ќе бидат дадени…

Read More

Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лаен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.На првиот ден од овогодишната петта по ред западнобалканска турнеја, Фон дер Лаен денеска во Тирана ќе има средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, по што ќе се обрати на отворањето на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ за Западниот Балкан.Попладнево Фон дер Лаен ќе отпатува за Тиват, каде ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милановиќ и премиерот Милојко Спајиќ, а…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, Лозово и во Велес, додека СДСМ има најавено активности во Богданци, Зрновци, Чешиново-Облешево, во Виница и во Кочани. Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Кочани и Штип, каде ќе ги претставува своите кандидати за градоначалници и за советници. Денес во 11 часот пред Драмскиот театар во населбата Карпош средба со граѓаните ќе има независниот кандидат за градоначалник на Скопје професорот Александар Рашковиќ и носителката на советничката листа политикологот Никица Милевска. Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред…

Read More

Фудбалската репрезентација на Србија беше поразена од Албанија со резултат 1:0 на стадионот „Дубочица“ во Лесковац, во натпревар од квалификациската група К за Светското првенство 2026 година. Веднаш по болниот пораз, од Приштина пристигна остро соопштение.Од Фудбалскиот сојуз на Косово им честитаат на Албанците за големиот триумф и најостро го осудуваат однесувањето на српските навивачи на трибините во Лесковац.Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Косово, кое го пренесуваме во целост, стои:„Фудбалскиот сојуз на Косово најостро ги осудува извици против Косово и провокативните пораки прикажани на трибините на стадионот во Лесковац, каде за време на натпреварот меѓу Србија и Албанија беше…

Read More

Репрезентацијата на Казахстан веќе е во Скопје. Следниот противник на Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година иако во нашиот главен град слета доцна синоќа, сепак беше пречекан од неколкумина фанови во хотелот „Лимак“.Фудбалерите на Казахстан вечерва на Арената „Тодор Проески“ ќе имаат тренинг, тие слетаа од Астана.Македонија на утрешната пресметка со оваа репрезентација влегува како лидер во својата група. Боби Милевски и неговите момци имаат 12 бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Казахстан е на четвртото место со шест бода.

Read More

„Мицкоски вели СДСМ имал патолошка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски зборува за омраза, а сам е извор на омраза. Цела година навредува, понижува, го дели народот и сите кои ги критикуваат неговите очајни политики ги нарекува глодари и лешинари. Цела година го храни стравот, се заканува, плука по секого – па после глуми жртва кога народот ќе му ја врати вистината. Цела година зборува за дестабилизации, хибридни напади – додека единствениот кој дестабилизира е тој, со неговиот говор полн со омраза“, изјави Филипче.На трибината Филипче јавно му порача на Мицкоски дека луѓето го презираат заради сите лаги и манипулации.„Никој тебе не…

Read More

Познатата актерка Дајан Китон почина на 80-годишна возраст, објави „Пипл“.Во моментов не се познати дополнителни детали, а нејзините најблиски побараа приватност, според соопштението на семејството.Китон се здоби со слава во 1970-тите со нејзините улоги во „Кум“ и преку соработката со режисерот Вуди Ален. Таа освои Оскар за најдобра актерка за „Ени Хол“ во 1977 година. Во текот на својата долга кариера, таа глумеше во филмови како што се „Клубот на првите сопруги“, бројни соработки со режисерката Ненси Мејерс и франшизата Book Club.Родена во Лос Анџелес Таа е родена како Дајан Хол во 1946 година во Лос Анџелес, најстарата од четири…

Read More

Скопје мора да стане град без бариери, не од милост, туку од системско функционирање. Пристапни тротоари и автобуси, услуги што ги опфаќаат сите. На инклузијата не треба да се гледа како на трошок, туку како мерка за достоинството на градот“, порача Ана Карајанова-Димитрушева, носителка на листата за Град Скопје.Ана Карајанова-Димитрушева, носителка на листата за Град Скопје рече дека градот мора да стане град без бариери, не од милост, туку од системско функционирање.„Пристапни тротоари и автобуси, услуги што ги опфаќаат сите. На  инклузијата не треба да се гледа како на  трошок, туку како мерка за достоинството на градот,“ порача Карајанова-Димитрушева.„Етичката политика…

Read More