Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Фон дер Лаен низ Западниот Балкан, в среда во Скопје
    Политика

    Фон дер Лаен низ Западниот Балкан, в среда во Скопје

    13/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лаен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

    На првиот ден од овогодишната петта по ред западнобалканска турнеја, Фон дер Лаен денеска во Тирана ќе има средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, по што ќе се обрати на отворањето на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ за Западниот Балкан.

    Попладнево Фон дер Лаен ќе отпатува за Тиват, каде ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милановиќ и премиерот Милојко Спајиќ, а утре ќе учествува на Инвестициска конференција за паметна и зелена иднина.

    Од Тиват, Фон дер Лаен утре ќе замине за Сараево на средби со членовите на pретседателството на Босна и Херцеговина и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, по што ќе го посети и Меморијалниот центар во Сребреница.

    Фон дер Лаен од БиХ ќе отпатува за Белград, каде в среда претпладне ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Ѓуро Мацут, по што ќе замине за Приштина на средби со косовската претседателка Вјоса Османи и техничкиот премиер Албин Курти.

    Од Приштина, Фон дер Лаен в среда попладне ќе допатува во Скопје, кое ќе биде последна етапа од нејзината турнеја низ Западниот Балкан.

    Европската комисија соопшти дека оваа турнеја ќе биде можност Фон дер Лаен да ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот во Унијата и за нивниот постепен пристап до Единствениот европски пазар, како и да разговара за спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан.

    Оваа петта по ред годишна турнеја на Фон дер Лаен на Западен Балкан по оние од претходните четири години, како што наведува ЕК, ја потврдува важноста што регионот ја има за Европската Унија.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Уркиза: Со развојот на технологијата соработката на полициските агенции е поважна од кога било

    Мицкоски: Македонија стои зад САД во врска со апсењето на Мадуро

    Раул Гонзалес откри зошто им се обраќа на Србите на македонски јазик!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.