Автор: Редакција
Денес во Скопје беше отворена првата конференција за развој на видеоигри во Македонија „Game Dev Rev 2025“, во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри (MGI).Со своето обраќање пред присутните, министерот за култура и туризам Зоран Љутков нагласи дека оваа конференција не претставува само промоција на видеоигри, туку е симбол на креативноста, младинската енергија и новата културно-економска реалност за Македонија.„Дали знаете што имаат заедничко една добра видеоигра и една успешна културна политика?“-праша министерот во своето обраќање. Двете почнуваат со идеја, момент на инспирација, што, ако е поддржан на вистински начин, може да прерасне во нешто големо. Некогаш дури и…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на свеченото отворање на четвртото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, којшто под слоганот „Сцена за сечиј сон“, и годинава се одржува под нејзино покровителство.За неа, фестивалот, иако е насочен кон најпрефинетата и најпробирливата целна група- најмладите, со оригиналниот и искрен пристап ги заведува, радува и восхитува не само нив, туку и возрасните, будејќи го детето во нив.Според претседателката, името на фестивалот го отсликува и наликува на профилот и сензибилитетот на извонредниот, прерано починат Маџиров, чии незаборавни улоги од него направија театарска легенда.Акцентирајќи ја не само естетската туку и педагошката мисија…
Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина.Фестивалската програма се одржува од 16 до 24 октомври, а МНТ ќе настапи на втората фестивалска вечер, утревечер, на 17 октомври.Фестивалот „Брчко Дистрикт“, со речиси половина век традиција, важи за еден од најрелевантните во регионот, познат по специфичниот пристап кон продукцијата, селекцијата и наградувањето на претставите и поединците.Селектор на годинашното издание е култниот и харизматичен актер и режисер, Ирфан Менсур.Летово, претставата „Народен пратеник“ доби Специјална Стериина награда за колективна актерска игра во…
„Сцена за сечиј сон“ – отворен 4. интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје
Под слоганот „Сцена за сечиј сон“, вчерва во Театарот за деца и младинци – Скопје свечено беше отворено 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, кој ќе се одржува од 15 до 18 октомври во Скопје.Фестивалот, во организација на Театарот за деца и младинци, оваа година го става фокусот врз младите, кон тие што бараат одговори, кон нивните светови, нивните дилеми, нивните надежи. Претставите што ќе бидат изведени не ги раскажуваат младите, но се за нив, за тоа како растат, се менуваат, се борат и сонуваат.На свеченото отворање, свое обраќање имаше министерот за култура и туризам, Зоран…
Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона покажуваат сериозен интерес за потпишување на 26-годишниот француски дефанзивец на Баерн Минхен, Дајот Упамекано. Според информациите од „Foot Mercato“, двата клуба високо ги ценат квалитетите на централниот дефанзивец и се очекува да влезат во директна конкуренција за неговиот потпис.Тековниот договор на Упамекано со баварскиот клуб истекува на крајот од сезоната, а преговорите за негово обновување се во застој и во моментов не постигнуваат никаков напредок.Порано имаше информации дека се разгледува долгорочен договор, но дадената понуда не ги исполнуваше финансиските барања на играчот.Англиските Манчестер Јунајтед и Ливерпул исто така покажуваат интерес за Французинот.
Федерален судија во Калифорнија ѝ наложи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги запре масовните отпуштања на федерални работници за време на делумното затворање на владата, додека ги разгледува тврдењата на синдикатите дека намалувањето на работните места е нелегално. За време на сослушувањето во Сан Франциско, окружната судијка на САД, Сузан Илстон, го одобри барањето на два синдикати за блокирање на отпуштањата во повеќе од 30 федерални агенции додека трае постапката. Веројатно е дека одлуката брзо ќе биде обжалена, но таа нуди олеснување за федералните работници кои се соочуваат со речиси едногодишен притисок од администрацијата на Трамп да го…
„Спортистите не пишуваат за политика и ова е моја прва објава. Ова е семејно и морално прашање. А кога се навредува семејството, секако дека нема да седиме со скрстени раце. Семејството Дани е дел од историјата и придонесот во оваа земја, и никој нема право да го понижува со ниски зборови, а најмалку не некој како тебе. Фатмир Дехари, со зборовите што ги употреби, од денес избра да станеш непријател на моето семејство“, напиша фудбалерот Мергим Дани.Од снимките се слуша како наводноп Дехари ја пцуе Адрита Дани, мајка му на фудбалерот, и ја нарекува ку**а и психопат. Адрита Дани порано…
Ако барате фризура која е модерна, практична и моментално „вау“, мини-боб е одговорот. Сè што треба да направите е да побарате елегантен боб до вилицата… Бобот и неговите варијации продолжуваат да владеат со трендовите, но оваа есен пристигнува нова, пократка верзија – мини-боб, која ги комбинира елеганцијата, едноставноста и тој неодолив шарм на „помалку е повеќе“. Мини-боб е совршен за есен и зима, кога носите топли плетени работи и сакате да го избегнете тоа постојана „фризирање против џемперот“. Тоа е фризура помеѓу вилицата и јаболчниците, без шишки или непотребно слоеви. View this post on Instagram A post shared by Gregory…
Хамас објави дека останките од сите починати израелски заложници до кои може да стигне се вратени и дека ќе му биде потребна специјализирана опрема за спасување за да ги извлече останатите од урнатините на Газа, поради заканите од Израел дека ќе ги продолжи борбите доколку не се почитуваат условите за прекин на огнот. Две други тела беа предадени доцна вчера, откако Хамас веќе ги врати останките на седум од 28 познати починати заложници – заедно со осмо тело за кое Израел рече дека не е на поранешен заложник. Набргу потоа, бригадите Езедин Ал-Касам во соопштение на социјалните медиуми изјавија дека…
Барселона со цел плен си замина од Битола, откако го совлада Пелистер со 30-34 во меч од петтото коло во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак добро парираше до пред 20 минута кога противникот минималната негатива ја претвори во водство од пет гола.Иако Барселона доминираше сепак не изостанаа атрактивните потези. Покрај лудиот цепелин, добра акција искомбинираа Филип Кузмановски и Дејан Манасков..
