Автор: Редакција

На локалните избори има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на првите локални избори во 1996 година, а најмалку на локалните избори 2017 година – 257 кандидати за градоначалници. Бројот на кандидати за градоначалници се движи од 323 во 2000 година, 350 во 2013, 364 во 2009 и 379 на изборите во 2005 година.Најмногу кандидати има за градоначалник на главниот град Скопје, вкупно 16, од кои само една жена. Потоа следат Прилеп и Струга со по девет и Битола осум…

Read More

Тренерот на Барселона, Ханси Флик од новинарите беше запрашан за Ламине Јамал и неговото наводно доцнење на тренинг, што почна да се случува почесто, а едно такво доцнење беше забележано и пред дуелот со ПСЖ на почетокот на месецот.Се шпекулираше дека Флик потоа планирал да го отстрани Јамал од тимот, но дека спортскиот директор Деко интервенирал и го спречил неговото отстранување од тимот. Флик остро реагираше на овие шпекулации, негирајќи ги сите гласини.„Би сакал да знам од каде ја добивте таа гласина. Тоа е глупост. Не е вистина. Во овој клуб, со Деко и другите професионалци, имам вистински однос. Ја…

Read More

Во 1965 година, извештите на Стејт департментот биле тајни класифицирани документи, но сега веќе можат да се отворат во светските архиви, дури и онлајн. Така, тајниот извештај на американскиот Стејт департмент од 1965 година за границата меѓу Бугарија и Грција, може да се најде во Националниот архив на Австралија или на www.naa.gov.au.Тој извештај од 1965 година претставува своевидна опсежна студија, може да се каже дури и научна, за етничкиот состав, потеклото, миграциите и историските контексти на Балканот, во обид да се дефинира тогаш актуелната состојба на границата меѓу Бугарија и Грција, и односите меѓу овие две балкански земји, денес членки…

Read More

Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно привлече внимание со видео објавено на социјалните мрежи. Тој се сними во сауна сместена во природа, носејќи само долна облека и гледајќи кон пејзажот, а снимката за помалку од едно деноноќие собра над 140 илјади лајкови. Во коментарите се редеа пофалби: „Златан е жив оган“, „Изгледаш како да имаш 23 години“, „Викинг“, „Неверојатно дека има 44“. Дел од фановите забележаа и дека ја скратил косата.   View this post on Instagram   A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) Ибрахимовиќ неодамна го прослави 44. роденден и, според традицијата, си подари нов автомобил – Ferrari F80,…

Read More

Во емисијата The Five на американската телевизија „Фокс њуз“ се разви необична и непријатна расправа меѓу водителите, откако Џеси Вотерс почна да ја коментира физичката привлечност на актерката Џенифер Анистон, пренесе HuffPost. Сѐ започна кога неговиот колега, комичарот Грег Гатфелд, го пофали изгледот на политичарката Кејти Портер, нарекувајќи ја „хероина“ затоа што не подлегнува на современи стандарди за убавина и „не се менува за камерите“. Тој додаде шеговито дека „пред YouTube туторијалите сите изгледале како Кејти Портер“ и дека дури „луѓето не станале привлечни сѐ до интернетот“. На тоа Вотерс се надоврза со коментар дека „Џенифер Анистон денес изгледа подобро,…

Read More

Судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со случајот „Кочани“, во кое обвинет е сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН, Александар Нацев. „Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како  одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и…

Read More

Ваквиот тек на кампања го наметнуваат и лидерите на двете најголеми парламентарни партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а тој започна уште на стартот на официјалниот дел со врамување и оцрнување дури и на самите слогани,  пишува „Вистиномер“.  Кампањата за локалните избори чиј прв круг е закажан в недела (19.10.2025), е невообичаена во смисла дека сите поголеми парламентарни партии изборите ги ценат како референдум за тоа кој колку вреди за натамошно водење на државата на централно ниво, а не како 81 референдум за тоа кој нуди поквалитетна и остварлива програма за водење на општините и на Град Скопје. Во таа смисла во медиумите…

Read More

Вакцина за превенција на ХИВ ќе биде за прв пат понудена на пациенти преку Националната здравствена служба на Обединетото Кралство, со што политиката во Англија и Велс ќе се усогласи со онаа во Шкотска, пренесува „Би-Би-Си“. Како што се наведува, долготрајната инјекција, која се дава шест пати годишно или на секои два месеци, претставува алтернатива на секојдневното земање таблети за заштита од вирусот. Експертите се надеваат дека вакцините наречени каботегравир (CAB-LA) ќе помогнат во остварувањето на целта за запирање на новите случаи на ХИВ до 2030 година во Обединетото Кралство. Меѓутоа, раните резултати за друга инјекција наречена ленакапавир, сугерираат дека…

Read More

Од 20 до 24 октомври, во Кинотеката на Република Северна Македонија ќе се одржи 16. издание на ЕХО – Фестивал на планински филм, единствениот настан во земјава што ја слави планината преку уметноста на филмот.Годинава, фестивалот ја става во центар поврзаноста меѓу човекот и природата, преку внимателно селектирана програма на документарни и авторски филмови од целиот свет.Отворањето е резервирано за полскиот филм „Последната експедиција“ (The Last Expedition) на режисерката Елиза Кубарска – инспиративна приказна за жените-алпинистки кои тргнуваат по трагите на изгубените хероини од Хималаите. Публиката ќе има можност да ги погледне и филмовите „Девојка качувач“ (The Girl Climber) и…

Read More

Јубилејното 25. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“ ќе се одржи од 25 октомври и ќе трае до 10 ноември, информира Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.„Есенските музички свечености“ 2025 година свечено ќе се отворат со концерт на Националниот џез оркестар насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов, на 25 октомври, сабота, со почеток во 20:00 часот на сцената на Малата сала на Филхармонија.Билетите се во продажба на karti.com.mk.Македонскиот национален џез оркестар го претставува проектот „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Програмата ќе ја диригира Владимир Николов, кој ќе го предводи оркестарот…

Read More