Автор: Редакција

Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје на 24 октомври ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС Анкара 2025. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври во главниот град на Турција. Годинава под мотото „Градот и театарот“ на фестивалот ќе учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓанските и невладини организаци од над 20 земји. Публиката ќе може да ги следи театарските претстави и останатите фестивалски настани на повеќе сцени низ Анкара.Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“ во која ликот на Кармен го игра Биљана Драгичевиќ – Пројковска, учествувал на десетина меѓународни…

Read More

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб вчера беше промовирана научната монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“ и отворена изложбата „Арсовски – фотографи“ посветена на претходно целосно непознатото, но исклучително вредно фотографско творештво на семејството Арсовски.Изложбата и публикацијата отвораат ново поглавје во историјата на македонската и хрватската фотографија со кое што се надополнува значаен сегмент во историјата на македонската и хрватската фотографија.Научната монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“, чиј автор и уредник е д-р Ива Просоли, објавена во двојазично хрватско-македонско издание, содржи текстови од македонски и хрватски автори и истражувачи.Монографијата и изложбата ја претставија авторките и кураторите како и директорката на…

Read More

ШК Алкалоид извојува нова победа на Европскиот клупски куп што се игра во Родос, Грција, по која со максимални шест бода се наоѓа меѓу водечките девет екипи на врвот на табелата, кои во натамошното разигрување, преку меѓусебни дуели, ќе го одлучат новиот екипен шампион на Стариот континент.Овојпат во дуелот од третото коло беше совладан германскиот претставник Шахфројнде Берлин, клуб што според просечниот рејтинг од 2.426 поени е една класа над вчерашниот противник од Грција, а е рангиран како 12. носител на турнирот.– Противничката екипа беше со слична конструкција како претходната со која игравме: пет млади, но силни шахисти кои се…

Read More

Општината Центар е една од 33 општини, каде што градоначалникот ќе биде избран во вториот круг на локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември. Кандидатите на Коалицијата предводена од СДСМ, Горан Герасимовски и на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ во првиот круг освоија најголем број на гласови и меѓу нив ќе се бие битката во вториот круг. Кандидатката на граѓанската иницијатива Независни заедно, Билјана Ивановска беше трета според гласовите на центарци, а Марија Среброва од Левица освои најмалку гласови. Центар и на овие избори останува едно од последните упоришта на опозициската СДСМ. Според резултатите од Државната изборна комисија, Горан Герасимовски…

Read More

„Есенските музички свечености“ 2025 година свечено ќе се отворат со концерт на Националниот џез оркестар насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов, на 25.10.2025г. (сабота) со почеток во 20:00 часот на сцената на Малата сала на Филхармонија.Билетите се во продажба на karti.com.mk.Македонскиот национален џез оркестар го претставува проектот „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Програмата ќе ја диригира Владимир Николов, кој ќе го предводи оркестарот низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонскиот фолклор, прераскажани преку јазикот на џезот. Македонскиот национален џез оркестар е симбол на врвна џез музика и високо…

Read More

Долгогодишниот шампион на Македонија, екипата на Струмица 47&72 попладнево (17 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе го одигра првиот меч од дуелите со Динамо Букурешт во рамките на првата рунда од квалификациите во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Струмичани неколку сезони наназад настапуваат во европските клупски турнири, а имаат и доволно искуство од настапите во Лигата на шампионите.Оваа година струмичкиот состав е прилично млад, но има и неколку репрезентативни имиња во составот кои треба да го понесат товарот на европските возбудувања.„Четврта година во низа Струмица е дел од најквалитетното европско натпреварување, но оваа година со поскромни амбиции со…

Read More

По успешниот пат на уметничкиот проект „Поетроника“, кој со спој на поезија и електронска музика создаде нов сценски израз, авторите Оливер Митковски и Андреја Салпе го претставуваат своето ново, едукативно продолжение – „Поетроника за млади“.Настанот ќе се одржи на 29.октомври 2025, (вторник), со почеток во 20:00 часот во Јавна соба.Проектот произлегува од идејата да ги научиме младите да ја сакаат поезијата, не преку книжевни анализи, туку преку живо, современо и инспиративно доживување. Преку музичко-поетски перформанс, поезијата станува блиска, ритмична и разбирлива за генерацијата што расте со звук, екрани и визуелна култура.Првичната идеја беше во рамките на проектот да се реализира…

Read More

Финансиската загуба од најдраматичниот грабеж во Франција во последните децении е проценета на речиси 90 милиони евра. Додека полицијата продолжува да ја бара криминалната банда зад дрскиот грабеж во неделата, париската обвинителка Лоренс Бекуо изјави за радиодифузерот RTL дека кураторот на музејот ги проценил загубите на околу 88 милиони евра. Се очекува претседателот и директор на музејот, Лоренс де Кар, да одговара на прашањата од сенатскиот комитет за култура во денеска попладне, три дена по седумминутниот грабеж во кој беа одземени скапоцености на Франција. Група од четворица крадци насилно влегоа во галеријата Аполо во Лувр кратко по отворањето на музејот во…

Read More

Актерката Дакота Џонсон откри што за неа е најголемо црвено светло во врска – маж кој носи папучи (јапанки). Во интервју за „Вог“ на 21 октомври, ѕвездата изјави: „Мажи кои носат јапанки? Бегајте.“ Џонсон додаде дека не сака ниту парфеми или силни мириси, велејќи дека има многу специфично чувство за мирис кај луѓето. По раскинот со Крис Мартин по осум години врска, актерката претходно изјави дека не бара ништо посебно кај партнерот, само да не биде глупак. Во мај за „Ел“ таа рече дека никогаш не користела апликации за запознавање, додавајќи: „Љубовта е најстрашната, но и најубавата работа што човек…

Read More

Газа доживува здравствена катастрофа што ќе трае со генерации, предупреди д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО). Тој смета дека е потребно масовно зголемување на помошта за да се започне со решавање на сложените потреби на населението на Појасот Газа. Израел дозволи повеќе медицински материјали и друга помош да влезат во Газа откако на 10 октомври стапи на сила прекинот на огнот со Хамас, но д-р Тедрос рече дека нивоата се под оние потребни за обнова на здравствениот систем на територијата. Неговата интервенција доаѓа во време кога САД се обидуваат да го зајакнат прекинот на огнот…

Read More