Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026

    Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

    09/10/2026

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Пребирливи центарци – големи разлики во гласовите за градоначалник и за Совет
    Македонија

    Пребирливи центарци – големи разлики во гласовите за градоначалник и за Совет

    22/10/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Општината Центар е една од 33 општини, каде што градоначалникот ќе биде избран во вториот круг на локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември. Кандидатите на Коалицијата предводена од СДСМ, Горан Герасимовски и на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ во првиот круг освоија најголем број на гласови и меѓу нив ќе се бие битката во вториот круг. Кандидатката на граѓанската иницијатива Независни заедно, Билјана Ивановска беше трета според гласовите на центарци, а Марија Среброва од Левица освои најмалку гласови.

    Центар и на овие избори останува едно од последните упоришта на опозициската СДСМ. Според резултатите од Државната изборна комисија, Горан Герасимовски во првиот круг освои над 8.500 гласови. Но, симптоматично е што повеќе од 28 отсто (над 2.400 луѓе) од овие 8.500 гласачи на Герасимовски, не гласале за советничката листа на СДСМ.

    Споредбата на гласовите на кандидатот на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, се уште поинтересни. Во неговиот случај, тој за градоначалник добил 5.707 гласови, но за советничката листа завршиле само 1,884 гласови што е 67 отсто помалку. Неговата партија, ЗНАМ, ќе има само два советници без разлика дали тој ќе победи или изгуби во вториот круг.

    Леток од кампањата на Мирослав Лабудовиќ кој во вториот круг на локалните избори трча за градоначалник на Центар. Советничката листа на неговата партија ЗНАМ, која вклучува поранешни членови на СДСМ, доби дури 67 отсто помалку гласови од него во првиот круг | Фото: Мета.мк

    Од друга страна, пак, за советничката листа на коалициониот партнер на ЗНАМ и Лабудовиќ, ВМРО-ДПМНЕ гласале 6.003 луѓе и тие во идниот совет на Центар ќе имаат седум советници.

    Голема е разликата и меѓу гласовите на кандидатка на Независни заедно, Билјана Ивановска, која доби 4,465 гласови и советничката листа на Независни заедно, предводена од Јане Димески, за која гласале само 1.812 гласачи. Советничката листа на Димески добила речиси 60 отсто помалку гласови од Ивановска. Така, во Советот на Центар во овој мандат ќе има двајца независни советници, за разлика од претходниот кога беа тројца.

    Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, со речиси 4.500 гласа немаше доволно силна поддршка за да влезе во вториот круг | Фото: Социјални мрежи

    Кај партијата Левица, ситуацијата е обратна. Нивната советничка листа доби 30 отсто повеќе гласови од нивната кандидатка за градоначалник, Марија Среброва. За советничката листа Левица гласале 3.034 граѓани, а за кандидатката 2.121. на Партијата Левица освои три советнички места со 3.034 гласови, а за нивната кандидатка за градоначалничка Марија Среброва гласале 2,121 гласач.

    Последниот 23-ти советник во Центар е на Коалицијата за зелена иднина (ДОМ), кои немаа кандидат за градоначалник, исто како и ВМРО-ДПМНЕ.

    Новиот состав на Советот на Центар е пошарен и има претставници од пет политички и една граѓанска опција, за разлика од претходниот кој е во заминување, каде имаше претставници на три политички и една граѓанска опција. Во Советот избран на локалните избори во 2021 година двете најголеми партии имаа по еден советник повеќе отколку сега, СДСМ имаше 9, а ВМРО-ДПМНЕ 8 советници. Левица и тогаш имаше три, исто колку и независните кандидати.

    Билборд на досегашниот градоначалник, Горан Герасимовски од СДСМ, кој води во трката за Центар. Тој доби околу 28 проценти повеќе гласови од Советничката листа на неговата партија | Фото: Мета.мк

    На минатите избори за советничката листа на коалицијата на СДСМ гласале 6,888 гласачи, или околу 800 повеќе отколку на годинешните избори. Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, пак, годинава добила поголема поддршка. За нивната листа во 2021 година гласале 5,754 гласачи, што е околу 250 помалку отколку на овие избори. И Левица има повеќе гласачи во Центар годинава. На минатите локални избори за нивната листа гласале 2,599 гласачи. Независните кандидати тогаш добиле 2,506 за својата листа, или околу 700 повеќе отколку сега. Во првиот круг на изборите во 2021 година актуелниот градоначалник и кандидат на овие избори Горан Герасимовски добил поддршка од 8,613 гласачи, што е речиси ист резултат како и годинешниот.

    Според податоците на ДИК, во првиот круг на локалните избори за советничките листи на коалициите и партиите и групите граѓани во Центар гласале 20.887 гласачи, а за четирите кандидати за градоначалници 20.828 гласачи. На изборите во 2021 година за советничките листи гласале 20.576 гласачи, а за кандидатите за градоначалници 20.957 гласачи.

    Поврзани вести

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026

    Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на заштита на биодиверзитетот и обнова на деградирани екосистеми

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026

    Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

    09/10/2026

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026

    Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на заштита на биодиверзитетот и обнова на деградирани екосистеми

    08/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

    Промовиран нов портал со база на податоци за сите истражувачи и научно-истражувачки организации

    Младост обележана со борби: Три хороскопски знаци наоѓаат среќа дури подоцна во животот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.