Автор: Редакција

Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи потпишаа рамковен договор за обезбедување на снабдувањето со ретки земни елементи, бидејќи двете земји имаат цел да ја намалат доминацијата на Кина врз некои од клучните електронски компоненти. Лидерите ги потпишаа документите, кои вклучувааат критични минерали, во необарокниот дворец Акасака во Токио. Лидерите јавно не ја споменаа Кина, која преработува над 90% од светските ретки земни елементи, што ја прави извор на загриженост на секоја земја за нејзиниот синџир на снабдување со минерали. Пекинг неодамна ги прошири ограничувањата на извозот. Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг треба да се сретнат во…

Read More

Заборавете на агресивното чистење и затегнување на кожата. Новиот тренд во негата на лицето, познат како cica-cleanse, носи мир, рамнотежа и сјај благодарение на чудотворната состојка – Centella asiatica. Секоја кожа која е под стрес, без разлика дали поради временски промени, хормонални флуктуации или премногу активни состојки, често реагира со црвенило, сувост и чувство на затегнатост. Тука влегува cica, растение познато и како тигреста трева, кое со векови се користи во азиската традиционална медицина поради своите моќи за регенерирање на ткивата. Сега ова растение стана срцето на новиот тренд за нега на кожата – ритуалот за чистење на лицето cica-cleanse,…

Read More

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени синоќа ја погоди западна Турција, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ). По него следувале десетици нови потреси од кои најсилниот бил 4,4 степени. Локалните власти соопштуваат дека над 20 лица се повредени, но засега не јавуваат за жртви. Срушени се повеќе објекти во округот Синдирги, а има пријави и за над 500 оштетени објекти. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а потресите се почувствуваа и во Истанбул и други градови. Земјотресот се случил по 22 часот по локално време. „По земјотресот, кој беше почувствуван и во околните региони, AFAD и сите нејзини…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски изрази убедување дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, после овие локални избори ќе има 59 градоначалници. „Истовремено, дозволете ми да информирам дека во 58 општини советничките листи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победија и имаат убедливо мнозинство во Советот. Кога на сето тоа ќе се додаде и резултатот во Градот Скопје, односно убедливото водство на идниот градоначалник на Градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски, 90 илјади наспроти 30 илјади, отприлика нешто повеќе од 3 спрема 1, очекуваме во вториот круг таа бројка да дојде до 120 можеби 125 илјади гласа. И убедливата победа на советничката листа на коалицијата предводена…

Read More

„ВМРО-ДПМНЕ со дополнително нови коалициски партнери има 140.000 гласови помалку од лани и тоа е нешто што е сериозен знак дека граѓаните се свесни дека оваа Влада не испорачува… Дека има многу лажни ветувања, дека едноставно не можат да се справат со проблемите, дека не излегуваат во пресрет на барањата на граѓаните, дека нема ниту една категорија граѓани која е реално задоволна, ниту пак дека чувствуваат некакви позитивни политики од оваа Влада. Работниците немаат зголемување на платите, ги излажаа пензионерите, не им ги дадоа парите кои им следуваа за зголемување на пензиите. Нема никаква политика за младите, дебакал е во…

Read More

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители учествувале во извршувањето на кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, стои во новото соопштение на ЈОРМ. Осомничените, на 10 октомври, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за…

Read More

Изложба на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и Ема Димовска во Скопје организира Културно-информативниот центар – Скопје. „Room 93“ — Ивана Мојсовска ГоловскаВо интимниот свет на серијата колажи на Ивана Мојсовска Головска, просторот станува и засолниште и замка – псохолошки простор во кој фигурата ја преиспитува сопствената присутност. Во овие надреални сцени, блискоста и изолацијата се две лица на истата желба за поврзување. Свет што се шири до бесконечност, но во себе носи клаустрофобија. Ивана Мојсовска Головска (р. 1993) е визуелен уметник чиј експресивен и експериментален пристап го дефинира нејзиното творештво. Дипломира и магистрира на Факултетот за ликовни уметности во…

Read More

После триумфот во Лигата на Конференции над Шелбурн, Шкендија во одлична атмосфера го дочекува дербито против Вардар во ПМФЛ. Овој европски триумф им дава дополнителен мотив на тетовските „црвено-црни“ во пресметката на домашен терен против најтрофејниот тим во ПМФЛ за трите бода.Играчот на Шкендија Арбин Зејнулаи пред дербито со Вардар рече дека тимот веќе е фокусиран кон овој натпревар, и дека се максимално подготвени да дојдат до посакуваните бодови.„Зад нас е историски натпревар во Европа, а после победата бевме многу среќни. Сепак, фудбалот не завршува туку веднаш мораме да се фокусираме кон следните предизвици. Сега на ред е мечот со…

Read More

Актерката Џенифер Лоренс неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Die My Love“ кој беше прикажан во рамките на Лондонскиот филмски фестивал. Позната по своите гламурозни појавувања, холивудската слатка девојка одлучи да направи драстична промена во својот имиџ и ја разгоре имагинацијата на многумина. Наместо едноставен фустан, таа одлучи да облече црн фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ги открива грбот и градите. На модната комбинација додаде златна огрлица која совршено се вклопуваше со длабокото деколте. Покрај промената на својот стајлинг, Џенифер се одлучи и за драстична промена во својот имиџ. Ги скрати шишките, а судејќи според фотографиите…

Read More

Детективите што го истражуваат грабежот на накит во францускиот музеј Лувр откриле докази дека член на обезбедувањето бил во контакт со лицата за кои се смета дека се сторители. Се верува дека бандата добила чувствителни внатрешни информации за безбедносниот систем на музејот пред рацијата. „Постојат дигитални форензички докази што покажуваат дека имало соработка со еден од обезбедувачите на музејот и крадците. Беа пренесени чувствителни информации за безбедноста на музејот. Се смета дека доказите вклучуваат снимки и пораки,“, вели изворот. Француската полиција уапси двајца осомничени за кои се верува дека помогнале во кражбата на крунски накит во вредност од околу 88 милиони…

Read More