Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Филипче од Крушево: СДСМ доби повеќе гласови во однос на ланските избори, а ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа
    Македонија

    Филипче од Крушево: СДСМ доби повеќе гласови во однос на ланските избори, а ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа

    27/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „ВМРО-ДПМНЕ со дополнително нови коалициски партнери има 140.000 гласови помалку од лани и тоа е нешто што е сериозен знак дека граѓаните се свесни дека оваа Влада не испорачува… Дека има многу лажни ветувања, дека едноставно не можат да се справат со проблемите, дека не излегуваат во пресрет на барањата на граѓаните, дека нема ниту една категорија граѓани која е реално задоволна, ниту пак дека чувствуваат некакви позитивни политики од оваа Влада. Работниците немаат зголемување на платите, ги излажаа пензионерите, не им ги дадоа парите кои им следуваа за зголемување на пензиите. Нема никаква политика за младите, дебакал е во земјоделството, намалување на субвенциите. Тоа е вистинското прашање на кое треба да се одговори и кое треба да се анализира“, изјави Филипче кој, во рамките на изборната кампања за вториот круг беше на средби со жителите од Крушевско.

    Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ за брзо.

    „Во однос на мојот мандат, кажав. Ја затекнав партијата така како што ја затекнав. Овој изборен циклус е добар показател како треба да се продолжи во следниот период. Најавив кадровски измени во раководството, ќе се случат многу брзо и продолжуваме со иста и поголема енергија на враќање на довербата на гласачите“, рече Филипче.

    Според претседателот на СДСМ, партијата  има повеќе гласови на локалните, во споредба на изборите од лани и при значајно помала излезност на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ има 140.000 гласови помалку.

    „Медиумите го имаат фокусот кон СДСМ, а не кон еден многу сериозен проблем а тоа е што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои изгубија 140.000 гласови ако се споредуваме со лани. Имено, на ланските избори СДСМ и тогашната коалиција имаше 152.000 гласови. Сега, за кандидатите за градоначалници имаме близу 159.000 гласови. Значи многу повеќе гласови, а на значајно помала излезност кога ги споредуваме изборите годинава и ланската година. Понатаму, на листите имаме пад од околу 20.000 гласови, меѓутоа не се вкалкулирани гласовите од коалициските партнери кои оваа година не се со нас. Значи, на помала излезност имаме ист број гласови како ланските избори. А, ВМРО-ДПМНЕ со дополнително нови коалициски партнери има 140.000 гласови помалку од лани и тоа е сериозен знак“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    The post Филипче од Крушево: СДСМ доби повеќе гласови во однос на ланските избори, а ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Раул Гонзалес откри зошто им се обраќа на Србите на македонски јазик!

    АО: Ѓоковиќ го чека Синер во полуфиналето, со Алкараз дури во финалето

    ССНМ: Дигиталниот напад врз Слободен печат е напад врз слободата на медиумите

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.