Автор: Редакција

Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство гласаше за осуда на економското ембарго на САД врз Куба кое трае 33 години. За гласаа 165 држави, а воздржани беа 12 воздржани. Против осудата на блокадата кон оваа држава, во моментов погодена од еден од најсилните урагани во последните години, Мелиса, гласаа седум држави. Меѓу нив беа САД, Аргентина, Украина и Унгарија, како и Македонија. Минатата година, гласањето беше 187 гласа за и само два против, САД и Израел и еден воздржан. Ваквите резолуции не се правно обврзувачки, но го одразуваат светското мислење. Во интервју за Асошиејтед Прес, кубанскиот министер за надворешни работи…

Read More

Во ноември 2025 година, Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува својата мисија како чувар на филмската меморија и храм на седмата уметност. Програмата овојпат е осмислена како богат и инспиративен мозаик што ги поврзува различните генерации на филмски автори, традиции и културни контексти – од македонските класици кои ја обликуваа националната кинематографија, преку светските филмски легенди, до современите експериментални визии кои го преиспитуваат самиот медиум на филмот. Ноември во Кинотеката ќе биде месец на сеќавање, омаж и откривање – време кога филмот станува огледало на историјата и внатрешен простор на размисла.I. Македонската филмска ризница – враќање кон коренитеЕден од најзначајните…

Read More

Во Резолуцијата се бара крај на американските санкции кон Куба, кои се во сила цели 63 години. Два дена траеше расправата во Генералното собрание за потребата да се укинат најдолгите санкции од САД кон некоја земја, воведени уште во 1962 година како одговор на кубанската ракетна криза.Оваа резулуција се става на дневен ред на Генералното собрание на ОН речиси секоја година, но против неа редовно гласаат САД и Израел. Македонија редовно е против или воздржана кога се гласа за резолуции во ОН кои се против интересите на САД или нивните најблиски сојузници, како Израел. Така беше и за време на…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот го објасни својот избор на синоќешниот натпревар против Кристал Палас. Во кој „црвените“ беа поразени со 0:3 на домашен терен во 1/8-финалето од англискиот Лига Куп.Слот направи 10 измени во почетниот состав на тимот во споредба со претходниот натпревар против Брентфорд (2:3).„Моментално, имаме само 15 играчи во нашиот состав. Исто така, клубот отсекогаш го користел овој турнир за да ги вклучи играчите од академијата. Сметам дека тоа беше правилна одлука. По натпреварот не го променив моето мислење, бидејќи со нашите играчи во почетната постава, не победивме против Кристал Палас ни во лигата“, потенцирал Слот.

Read More

Во општество каде што изгледот станува симбол на самодоверба и внатрешна стабилност, сè повеќе се обрнува внимание на разни третмани и процедури кои ја одржуваат кожата, телото и косата здрави и убави. Негуваниот изглед не е само естетска предност, туку и начин жената да се чувствува сигурно и задоволно во сопствената кожа. Убавината повеќе не се гледа како луксуз, туку како дел од рутина што придонесува и за физичка и за психолошка рамнотежа. Основна рутина како почетна точка Без оглед на тоа колку различни третмани се достапни, основната рутина за нега останува првиот и најважен чекор. Редовното чистење на лицето,…

Read More

Во недела, 2 ноември ќе се одржи вториот круг од локалните избори, во кој ќе треба да се изберат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Како што информира Државната изборна комисија, од денеска ќе започне дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња. Во сабота ќе гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според информациите на ДИК, ќе ги следат 1.569 набљудувачи, од кои 904 домашни и 651 меѓународни, а акредитирани за известување од изборите се и 14 странски новинари, објави МИА. Единствената општина каде што ќе има…

Read More

Во Културно информативниот центар во Скопје утре, 31.10., во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат-Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија.Ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација.Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници. Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење бидејќи дава посебно место на јасната идеја,…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Кина Си Џинпинг се договориле да се намалат царините за Кина во замена за тоа Пекинг да се справи со нелегалната трговија со фентанил, да продолжи со купувањето на соја од САД и да го одржи извозот на ретки метали. Разговорите лице в лице на Трамп со Си во јужнокорејскиот град Бусан, првпат по 2019 година, го означија финалето на бурното патување на американскиот претседател низ Азија, на кое тој, исто така, ги поздрави трговските договори со Јужна Кореја, Јапонија и земјите од Југоисточна Азија. „Мислам дека средбата беше неверојатна“, им рече Трамп…

Read More

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ги отстрани Милорад Додик, претседателот на Алијансата на независни социјалдемократи, како и Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на БиХ, од листата на санкции, пренесува Српскиот Н1. Претходно санкционираните членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници исто така беа отстранети од листата. OFAC веќе двапати го санкционираше Додик, поради анти-Дејтонски активности. Покрај Додик, 48 физички и правни лица, кои претходно беа санкционирани во рамките на Програмата за санкции за Западен Балкан, беа отстранети од листата на санкции, пишува Радио Слободна Европа. Соединетите Американски Држави редовно…

Read More

Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во Париз на 29–30 октомври 2025 под темата „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“. Неговиот Простор за решенија (Space for Solutions) обединува проекти со паметни решенија од целиот свет за да споделат методи, да создадат партнерства и да ги зголемат и подобрат резултатите. Изборот преку…

Read More