Автор: Редакција
Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени, информираат од кабинетот на Сиљановска-Давкова.Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, истакнувајќи ја потребата од максимални напори за реформи во овие области.„На средбата беа поздравени позитивните резултати во рамките на Планот за раст, реформата на јавната администрација, како и успесите во кластерите 3,4,5 и 6. Сиљановска-Давкова имаше забелешки на дел од констатациите во извештајот коишто се однесуваат на кластерот 1. Таа, исто така, укажа на потребата евалуацијата да биде заснована врз Копенхагенските критериуми, а не врз…
На седницата, покрај претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, присуствуваат координаторите на пратенички групи и претставници на парламентарни партии, меѓу кои Оливер Спасовски и Јован Митревски од СДСМ, Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Карапејовски од ЗНАМ и Беким Ќоку од Вреди.Во извештајот се нагласува дека Македонија останува целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што ја потврдува нејзината стратешка ориентација. Сепак, Европската комисија укажува дека се потребни побрзи и поодлучни чекори за отворање на првиот кластер од преговорите, особено во делот на владеењето на правото, реформата на јавната администрација и заштитата на малцинствата.Извештајот исто така нотира дека…
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан би претставувало „реобединување на Европа“, алудирајќи на изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од нејзиниот последен говор за состојбата на Унијата. „Мислам дека иднината на мојата земја е во Европската Унија. И покрај сите понижувања и разочарувања, кои се дел од моменталната фрустрација на нашите граѓани, ние ги споделуваме истите вредности“, изјави Мицкоски. Македонија, иако е кандидат уште од пред 20 години, сè уште го нема отворено првото поглавје од преговорите. Според Еуроњуз, Бугарија инсистира Северна Македонија да ја…
Поранешниот шеф на кабинет на Белата куќа, член на конгресот, секретар за одбрана и потпретседател на САД, Дик Чејни, почина на 84 години, соопшти неговото семејство. Чејни беше еден од најмоќните потпретседатели во земјата, за кој се вели дека имал големо влијание врз помалку искусниот Џорџ В. Буш, претседателот под чие водство служел. Чејни беше на функцијата на 11 септември 2001 година за време на терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон. Додека Буш беше брзо однесен на безбедно место, Чејни соработуваше со секретарот за одбрана, Доналд Рамсфелд, за да ја преземе контролата врз политиката. Војниците наскоро беа во Авганистан, борејќи се…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека српските служби веќе три дена залудно трагаат по двајца снајперисти кои, според него, се наоѓаат во Белград, но не посочи кој би можел да биде нивната мета. Ова Вучиќ го кажа во интервју за српската ТВ Прва, каде исто така обвини поединечни државни обвинители дека се криминалци и дел од „корумпирана банда“. „Ние во моментов во Белград бркаме двајца снајперисти за кои знаеме дека се во градот и веќе три дена не можеме да ги пронајдеме. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и кои им се метите – ќе видиме. Но,…
Одбојкарскиот шампион на Македонија во женска конкуренција, екипата на Јанта Волеј попладнево во СЦ „Јане Сандански“ испишува уште една нова страница од својата клупска историја. Девојките кои направија историја со минувањето на едно коло од квалификациите во најсилното европско клупско натпреварување, сега пред себе имаат вистински евро-ривал од калибарот на ова натпреварување – француски Волеро.Без разлика на големата фаворитска улога на противникот, Јанта Волеј најави дека ќе се обиде да ја искористи секоја шанса, особено онаа на домашниот терен вечерва, очекувајќи голема поддршка од трибините.„Подготвени сме за предизвикот, иако како и за првите натпревари, така и сега остануваме скромни во…
На 06.11.2025 /четврток/ со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата на Марјан Стојаноски – Асоцијативни апстракции. Се работи за циклус од дваесеттина слики работен во последните две години.Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година. Средно образование завршува во уметничкото училиште „Лазар Личеноски” во Скопје. После завршување на средно образование, се запишува на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди, каде што под неговото менторство го завршува факултетот. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати…
Познатата актерка Рис Витерспун имаше емотивно и отворено интервју за списанието „Харперс Базар“, а во таа прилика откри како се борела и ја надминала постпородилната депресија. „Во првите шест месеци бев среќна и тажна во исто време. Плачев цело време, не спиев, бев исцрпена. Не очекував таков хормонален пад. Го почувствував тоа веднаш по породувањето и повторно шест месеци подоцна, кога престанав да дојам“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon) Како што рече, нејзината мајка ја предупредила за тоа и претходно, бидејќи нејзината баба исто така страдала од депресија, па Рис се…
Бразилецот Габриел Гуедеш од денеска е ново засилување на ракометниот клуб Куманово. Како што објавија од клубот, Бразилецот треба да ја пополни празнината на десната бековска позиција.Станува збор за ракометар висок 186 сантиметри. Договорот со МРК Куманово ќе биде на една година, со опција за продолжување и за следната сезона.Гуедеш ќе има право за настап веќе на утрешниот меч против ГРК Тиквеш кој ќе се одигра во спортската сала во Куманово со почеток од 20 часот.
На отворањето се обратија основачот на школата, претседателот Ѓорге Иванов, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, претседателот на Freedom House Герардо Бертин, како и Фелипе Паулиер, помошник генерален секретар на Обединетите нации за младински прашања, кој испрати видео порака до учесниците.Претседателот Иванов, поздравувајќи ја новата генерација учесници на Школата за млади лидери, се осврна на главната тема на 16-та Школа и на целите за одржлив развој на Обединетите нации и Агендата 2030, единствената глобална рамка што нуди излез од кризите и предизвиците со кои се соочува човештвото, зад која застанаа сите земји членки на ОН. Во своето обраќање тој посочи…
