Автор: Редакција
Во потрага по засилување на напаѓачката линија, Милан фрли око на Роберт Левандовски и веќе размислува за негов ангажман во претстојниот јануарски преоден рок, пишуваат шпанските медиуми. Договорот на Левандовски со Барселона истекува следното лето, што отвора простор за преговори.Можното пристигнување на Полјакот би ја следело стратегијата што клубот ја примени при доведувањето на Лука Модриќ. Капитенот на Хрватска, кој има 40 години, многу брзо стана клучен играч во тимот на Масимилијано Алегри, а се претпоставува дека и Левандовски веднаш би можел да стане дел од ударниот состав на „росонерите“.Милан сезонава постигна 15 гола на 10 натпревари во Серија А.…
Педесет и пет нови автобуси од приватни превозници од понеделник ќе влезат во автобускиот превоз на Скопје, а до крајот на годината тој број ќе се зголеми за уште 20, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Иако е нејасно дали институциите ќе стигнат на време да ги поминат сите законски процедури, Ѓорѓиевски вчера ги промовираше автобусите, од кои повеќето сè уште се со странски таблички. Во следниот период тие ќе треба да го поминат процесот на увоз и регистрација и да ги добијат потребните лиценци за да се вклучат во сообраќај. Ѓорѓиевски не прецизираше дали има потпишано договор со приватниците и кога…
Ѕвездата од ријалити шоуата, Маура Хигинс, се појави на престижниот настан „Women of the Year“, кој традиционално секоја година собира голем број познати убавици. Како и обично, Маура се погрижи сите очи да бидат вперени во неа, а најзаслужна за тоа беше нејзината провокативна облека. Исто како и на нејзиното претходно јавно појавување, ријалити убавицата ги оправда очекувањата. Црниот вечерен фустан со проѕирни делови, така што само градите ѝ беа покриени со свила, остави магичен впечаток кај сите. Таа маестрално и самоуверено ја истакна својата завидна фигура за собраните фотографи. „Најзгодната Британка“, како што популарно ја нарекуваат, не сакаше да…
На социјалните мрежи почна да кружи видео од концерт на Северина, која во еден момент падна на сцената. За време на изведбата на песната, Северина скокаше и трчаше по сцената во штикли, а во еден момент се сопна и падна на глава. „Опа“, извика момчето што го сними падот на пејачката. Таа продолжи да лежи на грб со раширени раце некое време, а потоа стана и продолжи да пее. фото: принтскрин
Ако сте еден од оние кои искрено ја сакаат идејата за зеленило во својот дом, но секое растение на крајот пропаѓа, проблемот можеби не е во вас, туку во погрешниот избор. Кактусите и сукулентите често се сметаат за најбезбеден избор, но тие всушност бараат повеќе светлина и соодветна грижа отколку што мислите. За среќа, постојат голем број растенија кои се поотпорни, лесни за одржување и изгледаат уредно и декоративно. Што всушност значи „издржливо растение“? Издржливо растение не е она што можете да го заборавите со месеци, туку она што добро толерира помалку од идеални услови: послаба светлина, повремено прескокнување на…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ги чекаат официјалните извештаи за локалните избори од Државната изборна комисија, по што Владата има рок од 15 дена да именува повереници и да ги информира ДИК и Собранието.„Потоа Собранието треба да закаже нови избори во рок од 60 дена. На повторените избори ќе нема цензус. Следната недела очекувам да седнеме со коалициските партнери во Владата и да ги предложиме имињата на владините повереници во тие општини“, рече Мицкоски.Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше во првиот круг од локалните избори не беше исполнет законскиот услов од 33,33 отсто излезност на гласачите.
Некои деца сакаат да бидат во центарот на вниманието уште од мали нозе, додека други тешко прифаќаат кога работите не одат по нивно. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци имаат природна тенденција да бараат посебен третман и тешко прифаќаат граници. Оваа особина не значи дека се лоши деца, туку дека имаат силен карактер и високи очекувања од нивната околина. Нивниот шарм често ги омекнува родителите, па затоа им се дава повеќе од другите. Затоа децата родени под овие знаци се сметаат за најразгалени. Лав Децата родени под знакот на Лав сакаат да бидат во центарот на вниманието уште од мали нозе.…
На свечениот настан, кој беше организиран во соработка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Канцеларијата на Обединетите нации во земјата, беше истакната важноста на мултилатерализмот и партнерството во решавањето на глобалните и регионалните предизвици.Во своите обраќања, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбиа, заеднички ја потврдија посветеноста кон принципите на Повелбата на ОН и кон продолжување на соработката во насока на зајакнување на институциите, унапредување на човековите права, заштита на животната средина и исполнување на Агендата 2030 за одржлив развој.Овогодинешното одбележување има за цел да ја…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 40 годишна жена од Радовиш, осомничена за кривично дело Лажно пријавување на кривично дело, по член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Според обвинението, на 29 октомври осомничената испратила електронска порака од својот мобилен телефон до службената адреса на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, во која лажно пријавила дека во училиштето е поставена експлозивна направа. „Таа била свесна дека ваква закана не постои и дека со тоа предизвикува вознемиреност и нарушување на јавниот ред. Во училиштето биле преземени итни безбедносни мерки од страна на…
На 11 ноември во 19 часот, во Чифте амам при Националната Галерија на Македонија ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на тетовскиот Државен универзитет, Сафет Спахиу, со наслов „Пурпурна имагинација“.Ќе бидат изложени педесет дела од овој негов последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Изложбата ќе ја отвори директорот на Национална Галерија на Македонија, Али Синани.Кустос на изложбата е Маја Крстевска и истата ќе биде отворена до 24 ноември.„ПУРПУРНА ИМАГИНАЦИЈА“Изложбата од циклусот „Боја на пурпурот“ на ликовниот уметник Сафет Спахиу во Националната галерија на Македонија, ни го открива неговиот творечки пат преку неколку поетични…
