Автор: Редакција
Би-Би-Си му се извинијја на американскиот претседател Доналд Трамп за епизодата во емисијата „Панорама“ во која беа споени делови од неговиот говор од 6 јануари 2021 година, но ги отфрли неговите барања за надомест, пренесува Би-Би-Си. Корпорацијата соопшти дека монтажата оставила „погрешен впечаток дека претседателот Трамп упатил директен повик за насилна акција“ и рече дека нема повторно да ја прикажува програмата од 2024 година. Адвокатите на Трамп се заканија дека ќе ги тужат Би-Би-Си за отштета од 1 милијарда долари доколку корпорацијата не издаде повлекување, не се извини и не го обештети. Секретарката за култура изјави за Би-Би-Си дека е…
Астролозите тврдат дека оваа карактерна црта е поврзана со астрологијата, па ако сте на оваа листа, можеби нема да можете да ја промените кај себе… Сите имаме барем една личност во нашето општество или колега на работа кој ни ја троши енергијата. Премногу зборуваат, гласни се, себични или постојано се жалат на нешто. Очигледно, оваа карактерна црта е поврзана со астрологијата. Некои хороскопски знаци се подосадни од другите, а еве некои од нив. Водолија Луѓето родени под овој знак не се многу забавни. На околината генерално не и се интересни, бидејќи често се во негативно расположение. Вага Луѓето мислат дека…
Кристијано Роналдо на дуелот против Ирска заработи црвен картон, откако целосно го изгуби трпението во 61-та минута. Во еден дуел, Роналдо удри со лакт еден ирски играч. Видеото со забавена снимка јасно го покажува лактот што судијата го прегледал по повикот од ВАР собата. Без многу размислување, судијата Ниберг му покажа директен црвен картон на Роналдо.Според првичните информации тој ќе заработи два меча суспензија. Ова значи дека Португалија на првиот натпревар на Светското првенство 2026 година ќе биде без својот најдобар фудбалер. Роналдо ќе го прескокне и последниот квалификациски меч од групната фаза против Ерменија.Се очекува потврда дали навистина ќе…
Соединетите Американски Држави означија четири ентитети во Германија, Италија и Грција како глобални терористи, обвинувајќи ги дека се насилни групи на Антифа, додека претседателот Доналд Трамп се насочува кон левичарските групи. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека ги означил Антифа Ост, со седиште во Германија, како специјално означени глобални терористи, заедно со уште три групи во Грција и Италија, во обид да се надогради на посветеноста на Трамп да се спротивстави на кампањата на политичко насилство на Антифа. Рубио рече дека има намера да ги означи и групите како странски терористички организации од 20 ноември и предупреди дека…
На 17 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, на малата сцена на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Хелверовата ноќ“, во продукција на ЗУКЦ МЕДИА АРТЕС Охрид.Претставата е во режија на Александар Јовановски, а во неа играат Даријан Петров и Јасмина Билаловиќ.Базирана на истоимената драма на најпознатиот современ полски драматург, режисер и професор Ингмар Вилквист (алијас Јарослав Свијершч), напишана во 1999 година, претставата на суптилен и потресен начин ја прикажува чудната врска помеѓу мајка и посинок – млад човек со посебни потреби. Преку слоевитиот однос мајка-дете, старател-штитеник, брат-сестра, маж-жена, џелат-жртва, авторот гради…
Српската влада основала заедничка компанија за развој на недвижности со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, за изградба на хотелски комплекс во Белград. Договорот за заедничко вложување ѝ дава на Србија рок до следниот мај да ги сруши постојните згради, според документи кои ги објави независното српско списание „Радар“. Iнвестицискиот договор од 2024 година, предвидува фирмата на Кушнер, „Атлантик Инкубашн Партнерс“ да добие 77,5% удел во заедничкото вложување, а српската влада 22,5%. Заедничката компанија е формирана за реконструкција на локацијата на Генералштабот на српските вооружени сили во Белград, која беше бомбардирана од НАТО во 1999 година. Планот предизвика протести во…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за реформскиот пакет од 6 закони за буџетот во правосудството, изјави дека не може да се согласи на зголемување на плати на лица, кои како што рече, немаат никаков рејтинг. Тој додаде дека е подготвен да ја донира својата плата на судиите и обвинителите, но под услов тие навистина да судат согласно закон. „Реформите во судството се за зголемување на платите. Промената на шесте закони, главната реформа е да се зголемат платите. Следната година ние треба да вратиме 2 милијарди евра, некој што го направил претходно, и што не задолжил сите нас…
„Реформите во судството се за зголемување на платите. Промената на шесте закони, главната реформа е да се зголемат платите. Следната година ние треба да вратиме 2 милијарди евра, некој што го направил претходно, и што нè задолжил сите нас и нашите неродени деца. Во буџет од 6,5 милијарди, ние треба да враќаме 2 милијарди долгови, од некој кој душмански ја задолжувал државата. Ја повикувам јавноста нека каже, дали треба да се зголемат платите на судиите и обвинителите? Еве, јас ќе ја донирам мојата плата, ама барем нека судат согласно закон. Моралот не ми дозволува да се согласам на зголемување плати…
Во својата објава каде што нагласува дека е позитивно оценета од Европската комисија за зголемување на зелените површини, подобрување на квалитетот на воздухот и создавање поздрава животна средина за граѓаните, општина Тетово не ја кажува вистината. Во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, општина Тетово се споменува само еднаш, и тоа за завршување на катастарот за загадувачи на воздухот, без да даде никаква евалуација или пофалба за политиките за животната средина, пишува Порталб.мк. Тетово постојано има загаден воздух и нема паркови или зелени површини за пофалба. Спин: „Европската комисија многу позитивно ја оцени општина Тетово, како резултат…
Со премиерата на „Магбет“ во режија на унгарскиот режисер Сабо Иштван, на 14 ноември ќе биде свечено отворено 11. издание на Шекспир фестивалот во Битола, кој оваа година се совпаѓа со 81. роденден на Народниот театар Битола.На денешната прес-конференција директорот на театарот, Васко Мавровски, истакна дека одлуката фестивалот да се одржи во есенски период е донесена затоа што културата не смее да биде резервирана само за летните месеци.Тој се осврна и на успесите на Битолскиот театар во изминатиот период: „Ричард Трети“ доби специјална награда за најдобра претстава на фестивалот „Ристо Шишков“, „Снежана и седумте џуџиња“ гостуваше на фестивалите „Силјан Штркот“…
