Автор: Редакција
Соединетите Американски Држави утрово официјално го означија венецуелскиот Картел де лос Солес како странска терористичка организација, воведувајќи дополнителни санкции поврзани со тероризмот врз групата за која велат дека ги вклучува претседателот Николас Мадуро и други високи функционери. Владата на Венецуела го отфрли она што го нарече смешен план на САД да ја означи непостоечката група. Државниот секретар Марко Рубио изјави овој месец дека САД ќе го означат Картел де лос Солес, или Картел на Сонцето, како странска терористичка организација поради наводната улога на мрежата во увозот на нелегални дроги во САД. Мадуро се соочува со ескалирачки притисок од зголемувањето на…
Македонскиот КИЦ во Белград, од 25 до 29 ноември, ќе биде организатор и домаќин на изложбата „Откритија“, прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции. На оваа изложба, ќе бидат претставени 14 дела од македонски ликовни уметници, меѓу кои и дела од основоположниците, кои се сопственост на приватната колекција на слики на г-н Игор Станковиќ. Станува збор, за мали ремек-дела на големите мајстори на македонската ликовна уметност, за кои македонската стручна и ликовна јавност многу малку знае, бидејќи освен во Галеријата на САНУ во Белград, овие дела, во најголем дел, ретко…
Русија започна бран напади врз главниот град на Украина рано утрово, погодувајќи станбени згради и енергетска инфраструктура во Киев, според локалните власти и видео снимки. Шест лица се убиени, соопштија украинските власти. Висококатна станбена зграда е погодена во област на спротивниот брег на реката Днепар, изјави Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на главниот град. Тој рече дека четири лица загинале, а најмалку тројца се ранети во областа Свјатошински. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека висока зграда е евакуирана откако била погодена во областа Печерск во центарот на градот. Тој, исто така, пријави прекини во снабдувањето со електрична енергија…
Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осуди физичкиот напад врз 80-годишниот новинар и активист Владо Перев, еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во Македонија, кој во центарот на Скопје бил нападнат од непознат маж.Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, веднаш стапил во телефонски контакт со повредениот Перев и му ветил целосна поддршка.„Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за истрага и правда. Потсетуваме дека европскиот пат на земјата бара целосно и совесно спроведување на европскиот компромис од 2022 година, вклучително и почитување на заедничките вредности и гарантирање на правата на…
„Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се извршат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само во Македонија, туку и споредбено со другите земји. Врз основа на тие резултати, предложивме стапката од 5% да остане и натаму. Исто така ние сме во постапка на измена и дополнувања на целиот Закон за ДДВ каде што ќе предложиме одредени модалитети кои ќе се применуваат во иднина “, истакна министерката во гостување на ТВ 24.Таа потенцира дека во моментот не постојат услови за примена на повисока стапка, особено имајќи предвид дека дел од граѓаните веќе имаат платено авансни средства…
Скопје е најголем загадувач на Вардар и токму затоа со завршување на изградбата на колекторот и станицата за третман на отпадни води, активност кофинансирана од ЕУ, значително ќе се придонесе кон тоа реката да биде почиста. Очекуваме итен ангажман од националните власти овој систем да се стави во функција со што ќе се намали загадувањето на водите. Ова денеска го истакна Штефан Худолин, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, на денешниот настан „Денови на Вардар 2025“. На настанот кој вклучува дискусии, работилници и тренинзи, се зборуваше за заштита и одржливо управување со сливот на реката Вардар, кој…
Гала концерт во Националната опера и балет со светски познатата оперска дива Инва Мула на 28 ноември
На сцената на Националната опера и балет на 28 ноември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев.Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко семејство во Албанија, таа многу рано го започнува своето музичко образование, истакнувајќи се како исклучителен вокален талент со лирска прецизност и емоционална длабочина. Во текот на својата блескава кариера…
Уште еден импресивен настап прикажа маестралниот Словенец Лука Дончиќ.Лејкерсите ја победија Јута Џез со 108:106 на гостински терен, а апсолутен херој на триумфот беше словенечката суперѕвезда. Дончиќ го заврши натпреварот со 33 поени, 11 скока, осум асистенции и три украдени топки.Лука го изведе и најатрактивниот потег на вечерта. Тој пресретна додавање од искусниот Кевин Лав, изведе контранапад, а потоа му ја протна топката низ нозете на поранешниот шампион на НБА, а потоа беше причината за актрактивниот финиш.Коментаторот, кој го пренесуваше овој натпревар, не можеше да се свести по чудотворниот потег на Словенецот.
Во напад со руски беспилотни летала врз големиот украински град Харков загинаа четири лица, а 17 беа ранети, изјави градоначалникот Игор Терехов. „Во овој момент, познато е дека 17 лица се ранети. Четири лица загинаа“, рече Терехов, известувајќи за вечерниот напад во порака на Телеграм. Нападот се случил додека американски, украински и европски претставници беа во Женева за да разговараат за предлогот за прекин на речиси четиригодишната војна во Украина. Олег Синегубов, началник на регионалната воена администрација на Харков, го опиша нападот како масивен. Службите за итни случаи соопштија дека нападот со беспилотни летала врз два округа на Харков предизвикал…
Ако постои природна мешавина што заслужува да се нарече „течно злато“, тоа е комбинацијата од куркума и мед. Оваа древна комбинација, позната уште од ајурведските времиња, повторно стана вирална благодарение на видеата на TikTok и трендовите за велнес што го слават враќањето кон природните состојки. И не без причина, ова дуо крие моќен коктел за имунитет, кожа, расположение и енергија во тегла. Куркумата, златниот прав на Индија, ја содржи активната супстанца куркумин – природен антиинфламаторен лек кој делува како благ аналгетик, но и антиоксиданс кој го смирува воспалението, им помага на зглобовите и ги подмладува клетките. Кога се комбинира со…
