Автор: Редакција
„Работна средба со министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива. Вечерва во Белград учествував на работна вечера со министрите за надворешни работи на ЦЕИ. Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската Унија, актуелните геополитички околности, регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка“, објави Муцунски на Фејсбук.На средбата, како што посочи тој, била истакната важноста на оваа иницијатива како стабилна основа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.„Во своето обраќање ја нагласив важноста на регионалното поврзување и соработка, кои се покажаа како клучни алатки…
Таа, како што се наведува во соопштенето од претседателскиот кабинет, истакнала дека и покрај бројните конвенции, закони, стратегии и проекти, рапидно расте родово базираното насилство и бројот на убиените жени само затоа што биле жени.Претседателката нагласила дека борбата против фемицидот мора да започне дома, во градинка и во основното образование, да продолжи со правни акти и институционални механизми, вклучувајќи ги и јавно-обвинителските и судските.Сиљановска-Давлова посочила дека ако фемицидот е системски предизвикан проблем, тогаш и неговото решавање мора да биде системско.На првиот панел се обратија и амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална…
Основното јавно обвинителство Скопје денеска информираше дека е поведена постапка против пет лица поради основано сомневање дека се соизвршители на кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување и дека го оштетиле државниот буџет за над 700.000 евра. Како што информираат од Обвинителството, осомничените иако биле должни да ја известат Владата за фактичката состојба во Јавното претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ дека има неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен во периодот од 2019 до 2021 година, тие доставиле неточни податоци и информации и го прекршиле Законот за стоковите резерви. Еден од осомничените, надворешен соработник, вешто лице ангажирано преку…
В понеделник, 1 декември, од 19:00 часот во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Времето пред јазикот“ од хрватската поетеса, драмска авторка, есеистка, активистка и уредничка Моника Херцег.Ова е трета нејзина стихозбирка објавена на македонски јазик од страна на „ПНВ Публикации“ од Скопје, и таа, како и претходните две, е поместена во едицијата „Гравири“. За книгата, низ разговор со авторката, ќе говори Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник во „ПНВ Публикации“, но и авторка на препевот од хрватски јазик. Изданието е поддржано од ТРАДУКИ.Добитничката на Нобеловата награда за литература, Олга Токарчук, за…
За скоро 200 милиони евра се зголеми „трансферот“ од Буџетот во 2026 година за државниот Фонд за пензиско осигурување, достигнувајќи историски износ од над една милијарда евра. Сумата за редовна исплата на пензии следната година се зголеми поради порастот на пензиите и на бројот на пензионерите. Буџетските трансфери до Фондот за здравствено осигурување остануваат на иста позиција како што се годинава, „Порталб“ ги анализира „финансиите“ на двата државни фонда Буџетски расходи на државните ПИОМ и ФЗОМ Вкупно 1.138.000.000 евра од државната каса во следната 2026 година ќе бидат префрлени на сметка на двата државни фонда – ПИОМ и ФЗОМ. Сумата…
Пелистер утре го чека нов предизвик во Лигата на шампиони. Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола гостува Магдебург, дуелот се игра со почеток во 20:45 часот. Ракометарите на македонскиот првак добро знаат за силата на европскиот првак, ова ќе биде поинаков дуел од сите останати.Тешко е да се најде начин за да се изненади бундес-лигашот, но од таборот на Пелистер ветувааат дека ќе пружат најдоброто за себе и за своите фанови.„Сите знаат каква екипа е Магдебург колку време се заедно, добро се познаваат и имаат добар систем. Почитуваат што ќе се договорат во соблекувална и знаат тоа да го изнесат…
Парче кое веќе станува вистинска ѕвезда на зимскиот аутфит и влегува во фазата на гламур, и што е најважно – ја воздигнува секоја комбинација без напор, а исто така и без големи трошоци. Оваа модна сезона, секој детаљ е важен, а кожните ракавици изненадувачки се појавија во преден план, не само како заштита од студот, туку и како моден додаток што го дефинира целиот изглед. View this post on Instagram A post shared by Füsun Lindner (@fusunlindner) Од дневен изглед до вечерен гламур: кожните ракавици го воздигнуваат секој аутфит Модните експерти веќе споменаа дека ракавиците се главен детаљ на зимскиот…
Денеска од 13 часот на програмата се седум меча од 14.коло во ВМФЛ. Дуелот меѓу Тетекс и Кожуф е закажан за 3 декември. Секако дека се очекува најинтересно да биде во Новаци, каде истоимениот тим го пречекува лидерот на табелата, составот на Шкендија (А). Во случај гостите да слават, а Брегалница дома со Осогово да не победи, тогаш на коло до крајот Шкендија (А) ќе стане есенски првак. Исто така интересно би требало да биде крај Охридското езеро, каде Охрид се среќава со Детонит. Тоа е меч на две екипи со високи амбиции сезонава.Во продолжение можете да ги видите сите…
Метју Меконахи рекол дека благодарение на еротски сон, ја пронашол љубовта на својот живот, пишува „Us Weekly“. „Во моите средни триесетти години, ја барав љубовта на мојот живот, мојот најдобар пријател и мајката на моите деца. Барав повеќе, барав само една, ја барав неа, а потоа имав чуден сон“. Тој го видел своето постаро јас, вели тој, седејќи на стол за лулање на тремот од својот дом. Не бил сам, туку му правеле друштво 22 жени со кои има 88 деца, а имало дури и 22 возила. Меконахи нагласил дека во сонот не бил во брак со овие жени, туку…
Со антивоената приказна на Бертолд Брехт „Мајка Храброст и нејзините деца“, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски во 20 часот во МНТ се затвора јубилејното 50 издание на МОТ. Оваа безвременска драма е третата театарска претстава која Пројковски ја поставува во Новосадскиот театар и која силно резонира со актуелното време во кое живееме исто како во времето кога Брехт ја напишал.„Живееме во специфични времиња во кои времето се мери според војните и жртвите. Историјата не не научи да се промениме на подобро. Човештвото лесно заборава и повторно се враќаме на истите состојби. Играме слични игри, повторуваме исти трагедии. Светот…
