Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Чекор што многумина го прескокнуваат, а сепак е важен: Зошто е од суштинско значење да ѝ посветите внимание на кожата пред спиење?

    09/11/2026

    (Фото/Видео) Нејзиното деколте ни овој пат не разочара

    09/11/2026

    Во Скопје ќе се одржи 24-часовен маратон за цртање стрип

    08/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сиљановска-Давкова: Ако фемицидот е системски предизвикан проблем, тогаш и неговото решавање мора да биде системско
    Македонија

    Сиљановска-Давкова: Ако фемицидот е системски предизвикан проблем, тогаш и неговото решавање мора да биде системско

    25/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Таа, како што се наведува во соопштенето од претседателскиот кабинет, истакнала дека и покрај бројните конвенции, закони, стратегии и проекти, рапидно расте родово базираното насилство и бројот на убиените жени само затоа што биле жени.

    Претседателката нагласила дека борбата против фемицидот мора да започне дома, во градинка и во основното образование, да продолжи со правни акти и институционални механизми, вклучувајќи ги и јавно-обвинителските и судските.

    Сиљановска-Давлова посочила дека ако фемицидот е системски предизвикан проблем, тогаш и неговото решавање мора да биде системско.

    На првиот панел се обратија и амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади и Муамет Реџепи, помошник на министерот за внатрешни работи, презентирајќи свои видувања, податоци и решенија за надминување на еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени.

    Во вториот панел свои обраќања имале Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, јавната обвинителка Фатиме Фетаи, судијката Габриела Гајдова, Светлана Цветковска од Mинистерството за социјална политика, демографија и млади и Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

    Секоја од нив, се додава во соопштението, во рамките на својата работа ги детектираше најголемите слабости во справувањето со насилството врз жените, вклучувајќи го и фемицидот, оценувајќи ја позитивно воспоставената соработка со надлежните институции, како гаранција за позитивен исчекор во оваа битка. Сите ја поздравија нововоспоставената платформа Femicide Watch.

    Сите учесници биле согласни дека покрај 16 дена активизам, потребно е секојдневен ангажман на сите во справувањето со фемицидот.

     

    Поврзани вести

    „Уште колку имиња треба да научиме за институциите да преземат одговорност?“ – Масовен протест во Скопје против фемицидот

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Чекор што многумина го прескокнуваат, а сепак е важен: Зошто е од суштинско значење да ѝ посветите внимание на кожата пред спиење?

    09/11/2026

    (Фото/Видео) Нејзиното деколте ни овој пат не разочара

    09/11/2026

    Во Скопје ќе се одржи 24-часовен маратон за цртање стрип

    08/11/2026

    „Уште колку имиња треба да научиме за институциите да преземат одговорност?“ – Масовен протест во Скопје против фемицидот

    08/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Шумарите“ го отпуштија Дајч, ќе бараат четврти менаџер оваа сезона

    „Ехо“- изложба на авторката Ана Ивановска во Берлин

    Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.