Автор: Редакција

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека можеби направил премногу промени во својот состав за нивниот пораз од 2-0 на домашен терен од Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.„Да, премногу промени. Како што секогаш велам, сезоната е долга, на секои два или три дена мора да бидеме вклучени, но можеби тоа беше премногу, со оглед на резултатот. Мислам дека играчите се обидуваа да не прават грешки, наместо да играат како што треба. Не само со топката, туку и без неа, не бевме доволно агресивни. Тие се навистина добар тим и им честитам. Што и да е, што и да…

Read More

Претседателот на организацијата „Мис Универзум“ се огласи за здравствената состојба на претставничката на Јамајка, Габриел Хенри, откако таа падна на сцената за време на претселекциите. Според него, Хенри добро се опоравува и наскоро треба да биде пуштена од болница, пренесува „Пипл“. Габриел Хенри падна за време на ревијата на вечерни фустани на 74. избор за Мис Универзум во Бангкок, во средата на 19 ноември, по што беше итно пренесена во болница. Во објава на Инстаграм, претседателот на „Мис Универзум“, Раул Роча, се осврна на, како што рече, недамнешните шпекулации и нагласи дека сака да ѝ даде на јавноста точни, јасни…

Read More

Во 2026, државата ќе троши за околу 30 отсто помалку пари за студентски стандард, наведено е во прелог-буџетот за образование за следната календарска година. Како што е наведено, во 2026 година ќе има намалување од 560 милиони денари за студентски стандард, односно за безмалку една третина помалку средства, споредено со тековната година, кога буџетот за оваа намена изнесува 1,8 милијарди денари. Во Министерството за образование и наука (МОН) не одговорија конкретно на прашањето, зошто е намален буџетот за оваа намена, но рекоа дека предвидените средства ќе се трошат за развојна компонента во делот на инфрастурктурата. „Во буџетот за 2026 година…

Read More

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, мора да почне да ја отслужува својата 27-годишна затворска казна за заговор за обид за државен удар, одлучи судијата на Врховниот суд, Александар де Мораес. Одбраната на поранешниот претседател одлучи да не поднесе конечна жалба по неговата пресуда за заговор за државен удар во 2022 година за соборување на неговиот наследник, претседателот Луиз Инасио Лула да Силва. Како резултат на тоа, Мораес побара пресудата да се смета за конечна, со што се поништуваат сите шанси за понатамошни жалби и се активира 27-годишната казна за Болсонаро. Болсонаро е затворен во седиштето на Федералната полиција на…

Read More

Униврзитетски професори, академици, хрватски македонисти, писатели, дипломати, уметници, новинари, студенти, ученици и членови на македонската заедница, во Загреб, заеднички, на највисоко ниво го чествуваа делото на еден од најзначајните македонски и јужнословенски поети на денешницата, Раде Силјан. Салата на централната загрепска библиотека „Богдан Огризовиќ“, вчера, на денот кога пред 86 години е објавена Рациновата „Бели мугри“, беше исполнета до последното место за одбележување два значајни јубилеја за Силјан и за македонската книжевност и култура, но и за македонската држава – 75 години од неговото раѓање и 50 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Третиот лик на времето“. Настанот…

Read More

Француските власти уапсија уште четири лица во врска со минатомесечната спектакуларна кражба на крунски накит од Лувр во вредност од околу 88 милиони евра. „Станува збор за двајца мажи на возраст од 38 и 39 години и две жени на возраст од 31 и 40 години, сите од регионот на Париз“, изјавија полициски извори. Француските медиуми објавија дека меѓу уапсените е и последниот наводен член на бандата од четири лица што упадна во музејот. Повикувајќи се на полициски извори, весникот „Ле Паризиен“ објави дека осомничениот крадец бил приведен во вторникот наутро и дека е задржан во полициската станица. Тој се…

Read More

Нејамр нема да се врати на теренот до крајот на 2025 година, што значи дека Сантос ќе мора да води клучна битка за останување во првата дивизија без него. Нејмар веќе го пропушти натпреварот против Интернационал во понеделник поради она што првично изгледаше како мали проблеми. Подеталните прегледи открија проблем со неговиот менискус, поради што неговата сезона е завршена. Тој ќе ги пропушти преостанатите три кола, а последното се игра на 7 декември.Славниот Бразилец одигра три натпревари по ред, но по натпреварот против Мирасол почувствува болка. Затоа одмори против Колорадо како мерка на претпазливост за да биде подготвен за домашниот…

Read More

Актерката и пејачка Џесика Симпсон даде интервју за „Entertainment Tonight“ и во таа прилика се потсети на еден интересен момент од снимањето на хит серијата „Весели седумдесети“. Во тоа време, таа работеше со Ештон Качер и откри некои интимни детали од снимањето. „Снимав сцена со Ештон и му реков дека не можеме да го направиме тоа затоа што сум девица. Никогаш нема да го заборавам тој момент. Тој само ме погледна и ме праша „зошто“, му објаснив дека го чекам мојот иден сопруг“, рече Џесика, која во тоа време имаше 22 години. Актерката нагласува дека во тоа време сè уште…

Read More

Декември 2025 во Кинотеката на Македонија пристигнува како месец во кој македонската кинематографија и европското авторско кино се пресретнуваат во едно заедничко, пулсирачко движење. Овојпат, декемвриската магија не се исцрпува во формална програмска понуда – таа станува мапа на нов заеднички дух што се создава меѓу авторите, публиката и институциите, дух што го афирмира филмот како колективно доживување и просторно-емотивна точка на повторно поврзување.Во средиштето на програмата се новите македонски филмови, кои ја реафирмираат свежината и зрелоста на домашната продукција. Премиерите на долгометражните наслови од Георги Унковски („Ди Џеј Ахмет“), Теона Стругар-Митевска („Мајка“, со интернационалната ѕвезда Нуми Рапас) и Јани…

Read More

На 25.11.2025 година, во 18:30 часот, пред бројна публика во Галеријата „BHROX Bauhaus Reuse“ во Берлин, Германија, беше отворена архитектонската изложба „Жените во македонската архитектура: обновата на Скопје“ (Women in Macedonian Architecture: Rebuilding Skopje) на авторите Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски.Сместена на Ернст-Ројтер-Плац (Ernst Reuter Platz), Галеријата „BHROX Bauhaus Reuse“ е изградена од оригиналните фасадни елементи на историската зграда на Школата Баухаус во Десау и претставува пионерски пример за трансформација на архитектонското наследство. Покрај тоа што ја чува значајната историја на Баухаус, галеријата функционира како транс-дисциплинарна урбана лабораторија посветена на истражување на иднината…

Read More