Автор: Редакција

Европската Унија oдлучи на неодредено време да ги замрзне средствата на Русија во рамки на Унијата, додека Москва ги засили заканите за одмазда против „Евроклир“ (Euroclear), институцијата што чува најголем дел од имобилизираните пари на Кремљ, пренесува „Гардијан“.  Одлуката на ЕУ, донесена со користење на вонредни овластувања за имобилизација на 210 милијарди евра (185 милијарди фунти) од пари на руската централна банка, претставува значаен чекор кон нивно користење за поддршка на одбраната на Украина. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во петокот потврди дека лидерите на ЕУ ја исполниле обврската преземена во октомври — „руските средства да останат имобилизирани сѐ…

Read More

Членови на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, започнал постапка за утврдување на причините за неодамнешниот пад на малиот спортски авион во Мавровското Езеро, пренесува МИА. Како што информираа вчера во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. „Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција“, рече директорот на ЦУК, Мухамед Али. Оттаму не кажаа со какви повреди се здобило едното лице и засега…

Read More

И повеќе од заслужено. Гоце Седлоски е тренер на есенската полусезона во ПМФЛ. На 16 меча тој и неговите играчи победија на 13 и трипати одиграа нерешено, па така со 42 бода сосема доволно за првото место и есенска титула.Уште ако се знае дека Седлоски за цела 2025 година, тука мислиме на мечевите на домашна сцена, има само еден пораз, и тоа оној од Шкендија на првата средбата во февруари, тогаш еве уште еден аргумент зошто Седлоски е изборот на “СпортСпор“ за тренер на полусезоната.Со Седлоски составот на Вардар е некоја друга димензија, и кога не блеска знае да дојде…

Read More

Покрај финансиските бариери, Македонија се соочува и со сериозни структурни предизвици – опаѓање на стапките на имунизација кај децата, намалување на очекуваното траење на животот поради пандемијата, висок товар од незаразни болести, висока преваленца на пушење, како и иселување и стареење на здравствените работници. Овие фактори дополнително го усложнуваат обезбедувањето правична, достапна и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани. Ова е наведено во објавата на Институтот за јавнво здравје (ИЈЗ), по повод Светскиот ден на универзална здравствена покриеност, кога се дава значење на тешкиот товар и сериозните последици што ги носат недостапните и премногу високите трошоци за здравствени услуги, како за…

Read More

Министерството за внатрешни работи во Северна Македонија има најголем број на службени возила меѓу јавните институции. Според регистарот на Државната комисија за спречување на корупцијата во земјата има вкупно 6.659 службени возила, од кои 693 возила и припаѓаат на Министерството за внатрешни работи. Сепак, од МВР не даваат детали за истите, пишува Порталб.мк. Aнализата за службените возила покажа дека Министерството за внатрешни работи има најголем број на службени возила. Очекувано е оваа институција да има најголем број на возила со оглед на тоа што во неа функционираат голем број различни видови полиција и сектори во рамките на институцијата кои се…

Read More

Карло Анчелоти е на чело на Бразил само шест месеци, но веќе ја убеди земјата дека е вистинскиот човек за работата. Според AS, Италијанецот ќе стане најплатениот тренер во светот кога ќе го обнови договорот во јануари. Новиот договор ќе го задржи на чело на оваа репрезентација до 2030 година.66-годишникот досега има само осум натпревари, со четири победи, два нерешени и два порази. И покрај овие резултати, неговите настапи на официјалните натпревари ѝ обезбедија на неговата земја место на следното Светско првенство.Бразилската фудбалска конфедерација е уверена во одличната работа што ја врши Анчелоти. Двете страни веќе се согласија да го…

Read More

Астролошки гледано, 2026 година носи силни промени благодарение на влегувањето на Јупитер во Лав, стабилизацијата на Сатурн во Риби и долгорочните трансформации на Плутон во Водолија. Три знаци особено ќе почувствуваат бран на среќа, напредок и големи животни промени. Лав Од летото 2026 година, Јупитер – планетата на среќата, експанзијата и новите почетоци – влегува директно во вашиот знак. Ова се случува еднаш на секои 12 години и носи период што ги отвора вратите за големи животни промени. Ова е годината кога универзумот речиси ве „турка“ на сцената – само треба да зачекорите. Водолија Плутон, планетата на длабоки трансформации и…

Read More

На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија денеска во Скопје се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за “Жена на годината 2025”. Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува. Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија…

Read More

На прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат зголемување на платите, дури 73,6 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 14,8 отсто од испитаниците сметаат дека зголемувањето на буџетот за македонското правосудство е заслужено. Најголем дел од испитаниците сметаат дека ситуацијата во судството нема да се подобри ако судиите и обвинителите добијат повисоки плати. Во однос на работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски 42,3 отсто од испитаниците дале негативна оценка за неговата работа, а 22,2 отсто оцениле дека тој добро си ја врши работата. Дека тој треба да биде сменет речиси 40% од испитаниците се согласиле со ова тврдење. Анкетирањето…

Read More

Како што информираат од МВР, Тошковски во своето обраќање ја истакна важноста на партнерскиот пристап и досегашната успешна соработка со полициските аташеа, која резултираше со бројни заеднички иницијативи, проекти и оперативни активности во области од заемен интерес.Упатувајќи честитки по повод претстојните празници, министерот нагласи дека и во наредниот период ќе продолжи продлабочувањето на партнерската соработка, водејќи се од заедничката цел – јакнење на безбедноста и стабилноста во поширокиот регион, но и глобално.

Read More