Автор: Редакција
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тајно ги посети Обединетите Арапски Емирати за време на израелско-американската војна со Иран, соопшти неговата канцеларија, но ОАЕ подоцна негираа дека се случила каква било посета. Нетанјаху се сретна со претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, на собир што „резултираше со историски пробив во односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати“, според израелското соопштение. Земјата од Персискиот Залив ги нормализираше односите со Израел во 2020 година. Официјалната новинска агенција WAM на ОАЕ подоцна објави статија во која ги негира извештаите што циркулираат за посетата на Нетанјаху. Според WAM, односите на земјата со Израел…
Лионел Меси беше клучот за убедливата победа на Интер Мајами во МЛС-лигата. Откако пред неколку дена победи со 4-2 против Торонто, тимот победи на гостински терен против Синсинати со 5-3, а Меси постигна два од гола.Меси можеше да постигне хет-трик против него, но МЛС му „одзеде“ еден од головите поради мал допир од голманот на Синсинати, Роман Челентано. На крајот, голот беше запишан како автогол од голманот.Во 6-тата минута, голот на Меси беше поништен поради офсајд. Аргентинската ѕвезда го отвори резултатот на средина од полувремето кога казни грешка на дефанзивецот на Синсинати.Синсинати израмни во 41-та минута со добро изведен пенал…
Канскиот филмски фестивал и оваа година е во центарот на вниманието, особено модниот сегмент кој воодушеви многу љубители на модата уште на првата вечер. По длабокото деколте на Хајди, минимализмот на Деми Мур го привлече вниманието на јавноста. View this post on Instagram A post shared by Brad Goreski (@bradgoreski) Имено, актерката прошета по црвениот тепих во сребрен фустан од брендот „Jacquemus“ кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината завидна фигура. Креацијата е изработена според нејзините мерки, а е украсена со прав крој и пеплум – впечатлив детаљ од целото издание. View this post on Instagram A…
Сиљановска-Давкова истакна дека е изненадена од одлуката на Обвинителството да ја затвори постапката за ТЕЦ „Неготино“, додека за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски очекува разрешница.Во однос, пак, на Уставниот суд, претседателката гледа поместување и исчекор во неговата работа.Сиљановска-Давкова и во оваа прилика го искритикува Судскиот совет. Неговите извештаи, оцени, не се како што треба – куси се, без детални анализи, а примерите зошто дошло до дисциплинска, на пример, се минорни. Сега седниците се отворени, но, како што забележа, има само по три во месецот.„Не можам да го коментирам случајот ТЕЦ Неготино зашто се работи за независна судска власт. Очигледно…
По извршените проверки и консултации со домашни и странски експерти, од Зоолошката градина Скопје соопштија дека животното кое вчера беше уловено во населба Козле е сепак волк, а не куче или мешанец. Во текот на денот, во Зоолошката градина во Скопје пристигнале и сопствениците на кучето Сириус, од расата чехословачки волчјак, кое го барале веќе два месеци, при што на лице место потврдиле дека заловеното животно не е нивното куче, туку станува збор за вистински волк. „Животното не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби беше земена и крв за биохемиска анализа…
Според „Глоубс“, „Мајкрософт“ го отпуштил Алон Хаимович, генералниот директор на својата израелска подружница, како и други менаџери од таа дивизија, по спроведена внатрешна истрага.
Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchiao“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ (Kontext) годинава по деветти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на…
Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), членка на мрежата на Европскиот граѓански форум (ЕЦФ) и автор на поглавјето за Западен Балкан, денеска учествува на официјалното претставување на годишниот Извештај за граѓанскиот простор во Европскиот парламент во Брисел. Поглавјето посветено на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) открива загрижувачки тренд на влошување на граѓанскиот простор во текот на изминатата година. Иако ЕУ интеграцијата останува формална цел во регионот, извештајот бележи сериозно влошување на заканите против граѓанските организации (ГО), активистите иновинарите, вклучувајќи физичко насилство, надзор и оркестрирани кампањи за оцрнување. Меѓу клучните регионални…
Студенти сместени во Студентски дом „Гоце Делчев“ се жалат на појава на стаорци, немање топла вода и проблеми со функционирањето на лифтовите во објектот, објави Студентарија.мк на социјалните мрежи. Според студентите, стаорци веќе се појавилe и на повисоките катови од блокот и велат дека со сопствени средства купиле лепак против глувци и го поставиле во собите, во обид самите да се справат со проблемот. Освен проблемот со стаорците, студентите во блокот Б пријавуваат дека немаат топла вода. Поради тоа, дел од студентите биле принудени да се капат кај пријатели и роднини. Во меѓувреме касни и исплатата на осмата рата од…
По неколку сезони доминирани од нежни пастелни нијанси и естетиката на тивок луксуз, модата повторно се свртува кон бои кои привлекуваат внимание и внесуваат повеќе енергија во секојдневната облека. Оваа сезона, мандарината боја се издвои на модната сцена, како жива, топла нијанса на портокалова која изгледа смело, луксузно и изненадувачки нослива во исто време. Доволно е да се погледнат актуелните модни писти и фотографии од уличниот стил за да стане јасно дека ова е еден од најголемите трендови во боите на пролетта и летото. View this post on Instagram A post shared by Rafaella Bosi (@rafaellabosi) Мандарината е…
