Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски во Вашингтон со конгресмените Тени и Селф: Разговаравме за значењето на стратешкото партнерство со САД
    Македонија

    Мицкоски во Вашингтон со конгресмените Тени и Селф: Разговаравме за значењето на стратешкото партнерство со САД

    16/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Остварена средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји“, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.

    Мицкоски во објавата додава дека посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка.

    Освен со конгресменката републиканка, Тени, Мицкоски се сретнал и со конгресменот Кит Селф, претседател на поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.

    „На средбата разговаравме за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави“, додава премиерот во објавата.

    Мицкоски, во рамките на посетата на САД, ќе учествува и на годинашното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

    „Во Њујорк, на маргините на годинашното Генерално собрание на ОН, ќе се сретнам со голем број државници. Имаме веќе потврдени средби. Во принцип се ориентиравме на соседството, се разбира, тука е оној прием, нормално, од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави. Ќе се обидеме да имаме билатерални средби и со земји од Заливот, каде што цениме дека треба да градиме добри и солидни партнерски врски. Инаку, што се однесува на состанок со бугарската делегација, до овој момент немаме во план таква средба“, рече премиерот во интервјуто во понеделникот за МРТ.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Основното јавно обвинителство почна истрага за фемицидот во Битола

    Изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски во Охрид

    Руската и кинеската амбасада со честитки за Денот на сесловенските просветители

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.