Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции доби комисиска „виза“ за понатамошна собраниска процедура
    Македонија

    Законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции доби комисиска „виза“ за понатамошна собраниска процедура

    11/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Членовите на комисијата предложија 15 амандмани, а претставникот на Владата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски прифати 6 амандмани од Сали Мурати, Димитар Ковачевски, Моника Зајкова и Соња Мираковски.

    „Сакам да се заблагодарам на сите пратеници во македонското Собрание за активниот инпут којшто го дадоа во изработката и дополнителното подобрување на овој закон во рамки на собраниската процедура, бидејќи се работи за закон којшто е од стратешки интерес за државата, изработен во тесна координација со Европската Унија и со нашите стратешки партнери САД. Сакам да напоменам, дел од амандманите се прифатливи и ќе бидат составен дел на законот“, рече министерот Муцунски.

    Јавна благодарност за прифатените амандмани од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, искажа и пратеникот Сали Мурати, кој нагласи дека со дополнувањата на законот се добиваат пофункционални норми на законот, заштита на националната безбедност, но и заштита на инвеститорите.

    Членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија дадода „виза“ предложениот Закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции да ја продолжи собраниската процедура до негово изгласување, чија примена ќе почне 18 месеци по донесувањето од страна на македонското Собрание, период за донесување на соодветните подзаконски акти како и уредба од страна на Владата за утврдување на секторите и видовите критична инфраструктура во државата со што законот ќе биде применлив.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство

    Џастин Трудо ја потврди врската со Кејти Пери, објави заедничка фотографија

    Македонец што летувал на Малдиви се вратил со зика вирус

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.