Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Македонец што летувал на Малдиви се вратил со зика вирус
    Македонија

    Македонец што летувал на Малдиви се вратил со зика вирус

    19/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонски државјанин кој летувал на Малдиви е позитивен на зика вирусот, информира Институтот за јавно здравје. Од таму информираат дека ова е прв регистриран случај на Зика вирусна инфекција во Македонија и иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде што има документирана циркулација на вирусот Зика, предизвикани од каснувања од азиски тигрест комарец, реално постои можност за појава на нови импортирани случаи.

    „Според добиените епидемиолошките податоци на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, заболеното лице во периодот од 20-28.05.2026 година престојувало на Малдиви. За време на престојот, пациентот потврдил дека бил каснат од комарец. Првите знаци на болеста се јавиле на 24.05.2026 година со треска, болки по телото-мускулите и зглобовите, лесно покачена температура, за подоцна по четири дена да се појави и ситен, густ осип. Пациентот бил прегледан, а направени се и лабораториски испитувања за денга, зика и чикунгуња во Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Согласно резултатите од микробиолошкото испитување, добиен е позитивен серолошки и молекуларен наод за зика“, велат од ИЈЗ.

    Пациентот не бил хоспитализиран, пратен на домашно лекување и во моментот е во добра општа состојба. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) континуирано регистрира патнички асоцирани случаи на Зика кај лица кои се инфицирале за време на престој во ендемски подрачја. Постои можност за понатамошно пријавување на нови случаи во периодот на активност на комарците за лицата кои патуваат во зафатените региони и ризикот за овие лица се проценува како низок до среден. Ризикот за населението во земјата во моментов се оценува како низок.

    Од ИЈЗ советуваат дека ризикот може значително да се намали со спроведување на препорачаните превентивни мерки за заштита од убоди од комарци и придржувањето кон препорачаните превентивните мерки и совети.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    How Nancy Reagan Gave Glamour and Class to the White House

    The Make-up Conference in New York this Winter Unveils Hot Innovations

    Егзит во 2026 година нема да се одржи во Србија, ниту во Скопје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.