Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Петре Арсовски е добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ за 2026 година
    Македонија

    Петре Арсовски е добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ за 2026 година

    27/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Актерот Петре Арсовски е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува за исклучителен придонес кон македонската кинематографија. Наградата ќе му биде врачена на свеченото отворање на годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на 19ти септември во Битола.
    Со повеќе од пет децении присуство пред филмската камера, Петре Арсовски е едно од препознатливите актерски лица на македонската кинематографија. Неговата кариера започнува во раните седумдесетти години и се протега низ различни периоди од развојот на македонскиот филм, оставајќи зад себе голем број улоги кои се дел од неговата историја.
    Филмската кариера Арсовски ја започнува во 1971 година во „Македонскиот дел од пеколот“ во режија на Ватрослав Мимица. Во годините што следуваат игра во „Истрел“ на Бранко Гапо, „Јад“ на Кирил Ценевски, „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо и „Пресуда“ на Трајче Попов, а во 1980 година ја толкува главната улога на Петре Ќушко во „Време, води“ на Бранко Гапо.
    Следуваат улоги во бројни филмови кои одбележаа различни периоди од македонската кинематографија, меѓу кои „Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Ангели на отпад“, „Џипси меџик“, „Збогум на 20-тиот век“, „Големата вода“, „Бал-кан-кан“, „Караула“, „Трето полувреме“, „До балчак“, „Ослободување на Скопје“, „Златна петорка“ и „Лена и Владимир“. Неговата филмографија опфаќа и бројни филмски и телевизиски продукции во земјите од регионот и пошироко.
    За својата повеќедецениска работа Арсовски е добитник на бројни признанија, меѓу кои државната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста, наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.
    Со доделувањето на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, ДФРМ му оддава признание на Петре Арсовски за неговиот исклучителен и траен придонес кон македонската кинематографија, за повеќедецениското присуство во македонскиот филм и за бројните актерски остварувања со кои неговото име стана нераскинлив дел од неговата историја.
    Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ДФРМ ја востанови во 2013 година, а нејзини досегашни добитници се Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Дарко Марковиќ, Сајмон Пери, продуцентската куќа „Вардар филм“, Милица Стојанова, Љупчо Константинов, Столе Попов, Северџан Бајрам, Горјан Тозија – Медо, Лабина Митевска, Димитар Грбевски и Кирил Џајковски.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    За Лазаров велеа дека не знае да плива во длабокото, но тој и неговите момци препливаа океан

    Рецепт за посни палачинки што ќе ве воодушеват

    Владата не може да набави мазут, прогласи кризна состојба во следните седум дена

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.