Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува, наскоро состанок за цената
    Политика

    Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува, наскоро состанок за цената

    25/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Според Серафимовски допрва ќе се анализираат приносите, а главни прашања ќе бидат цената на пченицата, која, признава, дека е берзанска, и капацитетите за складирање.

    „Жетвата на пченицата во земјава веќе привршува. Во некои региони е веќе завршена. Треба да се направат анализа и сондажа колку количества пченица ќе добиеме од околу 63 000 хектари и колку се капацитети кои ќе ја примат пченицата. Но, кога зборуваме за цената, знаеме дека ова е берзанска работа и, реално, не зависи само од нас како држава, туку зависи од регионот. Главната идеја која ќе ја спроведувам во наредниот период е претходна анализа и претходно дефинирање на цената заедно со откупувачите и со Регионот, така што, оваа состојба која ја имаме треба заедно да ја надминеме со земјоделците и со откупувачите. Во наредниот период треба да направиме добра анализа и да видиме какви можности како држава имаме за да им помогнеме на земјоделците“, изјави Серафимовски.

    Со ребалансот на буџетот по неговото усвојување ќе бидат исплатени околу една милијарда и 200 милиони денари за субвенции во кои се опфатени и житните култури.

    „Исто така, имаме и мерка за складирање на пченицата. Тоа ќе биде опфатено во наредниот период до септември“, рече Серафимовски.

    За триесетина дена започнува бербата на грозјето. Серафимовски нагласи дека вчера оствариле средба со откупувачите, односно со винариите.

    „Разговаравме за Законот, за слободните капацитети и за залихите кои ги имаат.  На 15 јули дадовме конкретна цена, согласно со Законот и метологијата кои се прифатливи за лозарите. Во наредниот период ќе излеземе со креирање мерки за помош и за едната и за другата страна“, рече Серафимовски.

    Според министерот за земјоделство, по наследената ситуација на неисплатени субвенции од пред две години, сега предвидените средства се максимално ставени во функција.

    „Се обидуваме да дадеме интензитет на нивна исплата. Затоа со ребалансот, Владата предвиде поголеми средства, а и сточарите се предвидени со ребалансот да бидат исплатени. Јас само ќе замолам мало трпение од сточарите додека да поминат сите законски процедури во Владата и во Собранието и потоа веднаш ќе бидат исплатени согласно со правилниците и уредбата“, изјави во Прилеп министерот за земјоделство Борче Серафимовски.

    Поврзани вести

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Милиони измамени: Како ВИ моделот Ниа Ноар го излажа интернетот

    Лишен од слобода малолетник кој украл пари и предмети од црква во Тетово

    Русија и Украина разменија напади со беспилотни летала врз пристаништа и нафтена инфраструктура

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.