Возач-почетник, е уапсен отккао возел двојно над дозволената брзина на автопатот Скопје–Тетово, кај клучката Кондово, со 211 километри на час. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи 18-годишно момче, управувало патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат.
„При сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека И.А. (18), управувал со брзина далеку над законски дозволените 100 километри на час. Поради стореното кривично дело, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка“, велат од МВР.

