Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Односите се радикализираат, Бугарија објавува документ за патувањето на мојата сопруга и син
    Македонија

    Мицкоски: Односите се радикализираат, Бугарија објавува документ за патувањето на мојата сопруга и син

    24/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Сигналите што доаѓаат оттаму не ме прават оптимист. Напротив. Еве видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тридневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши паријатели, во Пампорово, нешто што е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква. Замислете сега ние да ги вадиме сите дипломатски ноти коишто ги испраќаат од нашиот источен сосед и практично во тие дипломатски ноти пишуваат работи коишто можеби исто така би биле интересни за јавноста“, изјави вчера Мицкоски.

    Тој вели дека за овој случај веќе ги информирал партнерите на Македонија во НАТО бидејќи со објавувањето на дипломатската нота, како што кажа, се загрозува безбедноста на неговото семејство. Тој им се извини на сопругата и на помалиот син што „мора сето ова да го трпат“.

    „Ова се аматерски потези, нејасни, неразуми и не одат во насока на подобрување на односите меѓу двете земји. Ние остануваме фокусирани на тоа што е наша задача, а тоа е да испорачуваме за Реформската агенда, да ги правиме реформите дома, да ја градиме економијата, да растеме… Тоа е она што претставува наша задача како влада, тие нека си ја тераат својата работа, ние работата за која сме бирани од граѓаните, а тоа е да испорачуваме проекти и да решаваме проблеми“, рече Мицкоски.

    Со дипломатската нота, за која говори Мицкоски, македонската амбасада во Софија го информира Министерството за надворешни работи на Бугарија дека сопругата и еден од синовите на премиерот ќе патуваат во Пампорово, Бугарија. Известувањето е од 6 јануари годинава, а се однесува на патување два дена подоцна, односно на 8 јануари.

    Овој документ минатата недела беше објавен од група на социјалните мрежи „Грубовци, Ениџе Вардар – родна Македонија“, а пред два дена на него се повика веб-портал, кој направи споредба меѓу ставовите на Мицкоски за спорот со Бугарија и патувањето на неговото семејство во Пампорово.

    Во документот објавен од оваа група на социјалните мрежи, покрај датумот на патувањето, е наведено приближното време кога сопругата и помалиот син на Мицкоски ќе ја преминат границата меѓу Македонија и Бугарија, како и детали за нивното обезбедување – имињата на неговите членови, возилата со кои патуваат, комуникациските уреди и вооружувањето што го носат со себе.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Рама: Албанија нема да издава пасоши на Албанци од Македонија според бугарскиот модел

    Под слоганот „Ти и јас, Славија“ пристигнуваат колони од сите страни на студентскиот протест во Белград

    Претседателката се симна од службениот автомобил да извади пари од банкомат (ВИДЕО)

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.