На прашањето за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, од одговорите на испитаниците произлегува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5 отсто, за СДСМ 6,2 отсто, за ДУИ 5%, за Влен 4,4%, Левица 2,9 и ЗНАМ 1,5 отсто.
Ако се издвојат рејтинзите на партиите кај определените испитаници (497 од 1.200), соодносот на предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е речиси еднаков. Рејтингот на Влен брзо се приближува до популарноста на ДУИ меѓу гласачите Албанци во Македонија.

И кај лидерите на политичките партии последниве години убедлива е предноста на Христијан Мицкоски во однос на останатите. Изет Меџити и Билал Касами како претседатели на Влен имаат поголем рејтинг од Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

И оваа анкета покажа дека платите, пензиите, невработеноста и растот на цените се најголемиот проблем со кој се соочуваат македонските граѓани, но на второто место е повторно криминалот и корупцијата. Еве ги одговорите на испитаниците за тоа колку се задоволни од работата на новиот јавен обвинител и на Јавното обвинителство.


Недовербата во правосудството воопшто и натаму останува еден од главните проблеми со кој се соочува Македонија.
Дека македонските граѓани се цврсто посветени на евроинтегративните процеси, покажува и позитивниот одговор на прашањето за можен влез на Македонија во ЕУ прифаќајќи го и модусот за кој веќе се разговара, а тоа е членство без право на вето. Дури 80,3 отсто од испитаниците би го прифатиле и ваквото членство.

Истражувањето беше спроведено во периодот од 10-27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и тип на место на живеење согласно податоците од пописот на резидентното население од 2021 година.
Истражувањето е спроведено со методот CATI – Computer assisted telephone interview, односно телефонска анкета на примерок со големина што обезбедува интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од +-3%.
А.Д.
The post И по две години на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство appeared first on МКД.МК.

