Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»СДСМ со 10.000 амандмани против Изборниот законик, Мицкоски повика на договор
    Македонија

    СДСМ со 10.000 амандмани против Изборниот законик, Мицкоски повика на договор

    29/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи. Ајде вака: предложете амандмани со кои барате корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори. Веднаш ќе ви ги прифатиме. Повлечете ги другите амандмани и да го изгласаме Изборниот законик. Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога во светот вештачката интелигенција ќе има клучна улога“, напиша премиерот на Фејсбук.

    Тој вели дека тие овојпат имаат шанса вистински и суштински да бидат за европската иднина на Македонија, не со менување на Уставот, туку со реформи.

    „Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, имам лоша вест за нив и нивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади. Повторно ќе добиеме најмногу буџетски средства и повторно ќе добиеме најмногу отворени фондови за финансирање на проекти“, пишува премиерот Мицкоски на својот фејсбук-профил. 

    Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, објави дека пратеничката група на неговата партија подготвува 10.000 амандмани за да ги блокира донесувањето на измените во Изборниот законик. Тој објави на Фејсбук како пратениците ги подготвуваат амандманите. Изборниот законик е еден од петте закони за кои Деловникот дозволува филибастеринг во Собранието.

    Во исто време додека сдсмовците ги подготвуваат амандманите Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздржани го изгласа носењето по скратена на Предлогот-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда.

    Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Државата против природата: Законот за заштита на Матка заглавен во институциите

    „Танец“ ја заокружи својата балканска турнеја

    Сиљановска-Давкова: Да го чуваме македонскиот јазик

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.