Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Во Албанија расте отпорот против инвестицијата на Кушнер вредна четири милијарди евра
    Регион

    Во Албанија расте отпорот против инвестицијата на Кушнер вредна четири милијарди евра

    04/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Голем крајбрежен градежен проект поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, се соочува со сè поголем отпор од демонстранти во Албанија, пишува Национално јавно радио.

    Албанската влада тврди дека проектот на јадранското крајбрежје ќе биде трансформативен за поранешната комунистичка држава, која настојува да се позиционира на пазарот на луксузен туризам и паралелно да напредува кон членство во Европската Унија.

    Но, проектот, кој опфаќа напуштен остров и блиска крајбрежна зона на југот на Албанија, предизвика негодување кај еколошките организации и критичарите на долгогодишниот социјалистички премиер Еди Рама. Кушнер и Иванка Трамп ја откриле локацијата за време на прошетка.

    Луксузниот проект има две компоненти, туристички комплекс во областа на лагуната Нарта, која е природен резерват, и помал туристички центар на ненаселениот остров Сазан, поранешна воена база од комунистичкиот период. Планирана е изградба на хотели, станови, вили и марина, а проектот се поврзува со Џаред Кушнер и ќерката на Трамп, Иванка Трамп.

    Во интервју оваа недела за американскиот подкастер Дејвид Сенра, Иванка Трамп изјави дека локацијата ја откриле случајно.

    „Бевме на брод на еден пријател и застанавме да пливаме. Практично така го откривме местото. Допливавме до островот, а потоа боси се искачивме до врвот. Бевме целосно воодушевени“, рече Иванка.

    Албанија има околу 450 километри крајбрежје кое останало во голема мера неразвиено за време на децениите на строг комунистички режим.

    Протестните групи стравуваат дека делови од тоа недопрено крајбрежје ќе завршат во рацете на моќни инвеститори. Јавниот револт дополнително се засили откако се појави видео на кое се гледа како приватен обезбедувач насилно оттурнува и влече активист за време на протест на локацијата.

    Проектот е предвиден во рамки на природен резерват и едно од најзначајните подрачја за биолошка разновидност во Албанија, кое претставува важна станица за преселните птици долж Јадранското крајбрежје.

    Демонстрантите на протестите во Тирана носеа картонски фигури на розови фламинга, еден од заштитените видови птици што престојуваат во областа.

    Од крајот на мај, багери и друга тешка механизација влегле на теренот, отворајќи пристапни патишта, копајќи низ песочните дини, расчистувајќи површини меѓу боровите шуми и поставувајќи огради.

    Еколошки организации од Албанија и од други европски земји ги осудија активностите, а една од најистакнатите локални организации предупреди дека долгогодишно заштитените живеалишта се „неповратно уништуваат“.

    Албанската државна антикорупциска агенција потврди дека отворила истрага поврзана со проектот, но не откри повеќе детали.

    Владата тврди дека земјиштето предвидено за изградба е во приватна сопственост. Сепак, се појавија спротивставени тврдења кои ја доведуваат во прашање законитоста на приватизацијата, чест предмет на правни спорови во земјата.

    Премиерот Еди Рама останува цврсто посветен на проектот, оценувајќи дека тој е во согласност со амбицијата на Албанија да стане значајна светска туристичка дестинација.

    „Албанија не треба да биде земја што се плаши од ваков исклучителен проект, во кој извонредни партнери се здружиле за да инвестираат четири милијарди евра“, изјави Рама.

    Сличен проект во Србија, меѓутоа, покажува колку ваквите инвестиции можат да бидат контроверзни. Во ноември минатата година српскиот парламент усвои специјален закон за изградба на луксузен комплекс во Белград, финансиран од инвестициска компанија поврзана со Кушнер.

    Веќе следниот месец, српското обвинителство за организиран криминал покрена обвиненија против четири лица, меѓу кои и еден министер, поради злоупотреба на службената положба и фалсификување документи со цел да се олесни реализацијата на проектот.

    Подоцна, Кушнер се повлече од повеќемилионската инвестиција, која требаше да замени голем бомбардиран воен комплекс во Белград, заштитено културно наследство чиј статус бил укинат од поранешни функционери кои сега се соочуваат со судски постапки.

    Поврзани вести

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Во Москва слета авионот со кој летаа Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ кој претходно беше вратен во Белград

    04/11/2026

    Форбс Србија: Што се случувало на седницата на НБС кога беше затворена Алта банка

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов на годишнината на КИЦ Белград

    Уставниот суд и Костадиновски тврдат дека никој нема да ја загрози употребата на Албанскиот јазик

    Брод со 11 патници се преврте во Дунав во Србија, има и жртви

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.