Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Дури и ќерката на Бен Афлек се смее на неговиот љубовен живот: „Ти си како експерт за врски?“

    30/09/2026

    Кои хороскопски знаци природно не се поднесуваат?

    30/09/2026

    Петмина приведени за тероризам и трговија со оружје

    29/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»МНТ гостува во Дубровник со култната претстава „12“
    Култура

    МНТ гостува во Дубровник со култната претстава „12“

    03/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    По успешните регионални гостувања во Црногорско народно позориште (ЦНП), Црна Гора, и Народно позориште Сараево, Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар на 5 јуни ќе гостува со претставата „12“ во Казалиште „Марин Држиќ“ во Дубровник, Република Хрватска.

    Казалиште „Марин Држиќ“ континуирано соработува со бројни театарски институции и ансамбли, носејќи на својата сцена разновидни продукции и современи драмски остварувања наменети за публика од сите генерации.

    Дубровник има богата и долга театарска традиција и значајно место во хрватскиот и регионалниот културен контекст. Низ историјата, театарот е препознатлив по развиената драмска книжевност, сценски израз и богата театарска дејност, што му обезбедува особено место во културниот живот на Хрватска и на просторот на поранешна Југославија.

    Македонскиот народен театар ќе настапи со претставата „12“, работена по мотиви на култното дело „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз, во адаптација и режија на Синиша Евтимов.

    Во претставата настапуваат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Дамјан Цветановски/Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.

    Претставата „12“ е едно од најактуелните и најгледани остварувања на репертоарот на Македонскиот народен театар, кое преку моќна актерска игра и современ театарски израз отвора универзални прашања за правдата, одговорноста, предрасудите и човековата совест.

    Со ова гостување, Македонскиот народен театар продолжува активно да ја афирмира македонската театарска уметност на регионалната сцена и да ја зајакнува културната соработка со значајни театарски институции од регионот.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Дури и ќерката на Бен Афлек се смее на неговиот љубовен живот: „Ти си како експерт за врски?“

    30/09/2026

    Кои хороскопски знаци природно не се поднесуваат?

    30/09/2026

    Петмина приведени за тероризам и трговија со оружје

    29/09/2026

    Жените се во политиката, но не на раководни позиции

    29/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Заработи 480.000 долари на Австралија Опен, па го оствари животниот сон!

    Десетици илјади луѓе на протести во Бугарија против Владата и новиот буџет, има повредени и уапсени

    (Фото) Софија Вергара предизвика лавина коментари на интернет: луѓето не можат да престанат да се смеат

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.