Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026

    ОЈО: Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини”

    23/10/2026

    „Не носете вакви штипки за коса додека возите“ – лекар ги предупредува жените

    23/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Со „Набуко“ ќе се затворат Мајските оперски вечери, изведбата посветена на Ристе Велков кој загина во кобната сообраќајка
    Култура

    Со „Набуко“ ќе се затворат Мајските оперски вечери, изведбата посветена на Ристе Велков кој загина во кобната сообраќајка

    27/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Со изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, на 31 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет свечено ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.

    Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

    Насловната улога – Набуко – ќе ја толкува Алберто Газале (Италија), во улогата на Абигаиле ќе настапи Сузана Бранкини (Италија), Николина Јаневска ќе ја толкува улогата на Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Хиденори Иноуе (Јапонија). Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Ана Ројдева и Никола Стојчевски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

    Изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, ќе биде посветена на неодамна трагично починатиот првенец на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој неодамна го загуби животот во сообраќајна несреќа.

    Со својата уметност, глас и сценско присуство, Ристе Велков остави длабока и трајна трага во македонската оперска уметност. Токму улогата на Набуко беше една од неговите најзначајни и највпечатливи сценски остварувања на матичната сцена.

    Неговото име и уметничко наследство ќе останат трајно врежани во историјата на македонската опера.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026

    ОЈО: Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини”

    23/10/2026

    „Не носете вакви штипки за коса додека возите“ – лекар ги предупредува жените

    23/10/2026

    Принцот Вилијам испиша историја со гостување во популарна британска емисија

    23/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Зеленски: Украина ќе продолжи да се бори, доколку мировните напори не успеат

    Македонски уметници учествуваа на ликовната колонија во Корча

    „Зимски Македокс“ на „Синедејс“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.