Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Тошковски: Зошто овој обвинител го повредува принципот на тајност за наводната шпионска афера во претседателскиот кабинет?
    Политика

    Тошковски: Зошто овој обвинител го повредува принципот на тајност за наводната шпионска афера во претседателскиот кабинет?

    25/05/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Одговарајќи на прашањето за известувањето од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за непостапување, односно доцнење во постапувањето од МВР во предистрагата за шпионажа од вработени во кабинетот на претседателката на државата, Тошковски нагласи  дека е навистина изненаден од начинот на кој се споделуваат одредени информации во јавноста.

    Тошковски потенцира дека предистрагата е постапка што подразбира тајност, а за временската оска, односно дека постапувањето е по пријава на една од организациските едници во МВР од ноември минатата година, посочи дека реално станува збор за период од два месеци, кој е прекраток за соодветните дејствија што треба да бидат процесуирани од МВР.

    „Видете, ова второво што го потенциравте, пак, е посебно сомнително. Зошто? Заради тоа што ние говориме овдека за период од три месеци, како што кажува Обвинителството, односно период од два месеци, како што е согласно последната наредба што е дадена, период кој е, слободно можам да кажам, прекраток за соодветните дејствија што треба да бидат процесуирани од МВР… Не ми е јасно зошто јавното обвинителство во овој случај оди со такви детали во јавноста. Во оваа фаза од постапката. Тоа не ми е јасно. Второ, она што јас го кажав, а е во согласност со сето она што сме го работеле во минатото, е дека станува збор за еден прекраток временски период што воопшто не е невообичаен за постапување од страна на МВР. Трето, МВР не е курирска служба па да земе и да донесе нешто до Обвинителството, за тоа веројатно има поштари. Веројатно треба да изврши одредени анализи, треба да ја сработи суштински работата што треба да ја сработи по наредба на оној што е Dominus Litis, нели, оној што е главен согласно одредбите од Законот за кривична постапка. А главен е обвинителот“, рече Тошковски.

    На прашањето дали ги имаат копиите од видеонадзорот, министерот истакна дека нема да навлегува во детали што се поврзани со предистражна постапка заради тоа што смета дека истите не треба да бидат споделувани во јавноста во овој момент.

    „Ќе дојде време кога сите детали ќе бидат споделени во јавноста“, нагласи Тошковски, а на прашањето дали можеби МВР штити некого, потенцира дека тезата е сосема обратна.

    „Мојата теза е теза на нормалноста, тезата на искуството и тезата на она што е реална перцепција на граѓаните е обратната. Пак ќе повторам. Зошто сега, а не во други случаи, од страна на овој обвинител се повредува принципот на тајност? Второ, зошто се прави тема нешто што не е тема од аспект на навременост и ненавременост, имајќи ги предвид сите оние постапувања на сите оние предмети што се работени од страна на МВР по наредба на јавен обвинител. Говориме за два месеци… Видете, пак ќе повторам. Особено Јавното обвинителство е тоа што треба да се грижи за почитување на одредбите од Законот за кривична постапка. Зошто прави тема во јавност и три дена одредени медиумски куќи со одредени наводни кривични пријави од група граѓани вработени во МВР, што многу потсетува на една група граѓани од Агенцијата за разузнавање што пуштаа кривични пријави…, отвораат тема што не е тема од аспект на прашањата што се ставаат на маса. Со кого сакате разговарајте од делот на фелата, ќе ви кажат дека за два месеца ни оддалеку не е симптоматичен период каде што треба да се направи анализа и да се извадат заклучоци, и да се подготви една ваква постапка. Ни оддалеку не е ненавремено постапување на МВР“, нагласи Тошковски.

    Прашан дали има индиции за протекување доверливи информации од кабинетот на шефот на државата кон странски служби, Тошковски повтори дека се работи за предистражна постапка.

    „Во овој момент, почитувајќи ги сите оние постапки што претходно сум ги споделувал со јавноста во оваа фаза, почитувајќи го принципот на комуникација што е согласно закон, не би можел да споделам повеќе детали во јавноста. Но, можам да кажам, кога ќе се разобличат сите факти потребни за јавноста, тогаш можеби ќе се даде одговор на прашањето што вака отвора многу интересни одговори од аспект на внесување во одредена приказна, од страна на одредени високопозиционирани обвинители во рамки на обвинителскиот систем во Македонија, во насока на подгревање тези што би требало да го доведат под прашање работењето на МВР, работењето на оваа влада итн., сѐ со цел одредени големи предмети што беа отворени од МВР во изминатиот период, да не ја видат правдата на крајот од денот. И почнавме да гледаме дел од она коешто вака искрено можам да кажам не верував првенствено дека има такво сценарио. А, инаку, се збореше подолго време во јавноста дека ќе се атакува со одредена сила на МВР. Зошто – не знам. Ќе каже времето“, нагласи тој.

    На прашањето дали може да каже кога МВР ќе му одговори на Обвинителството, Тошковски рече дека тоа ќе се случи за брзо време.

    „Еве, јас ви ветувам дека за брзо време ќе има информации, детални за јавноста, кога ќе се овозможат услови за истите да бидат споделени со јавноста. И дури тогаш како клучно прашање ќе се постави зошто токму сега, токму од истиот обвинител, токму за несфатливи обвинувања од аспект на два месеци траела истрагата, па предистрагата од аспект на анализа, па предистраги од аспект на анализа траат и по две години и по шест години…, не траат по два месеци“, потенцира тој.

    Тошковски додаде дека во текот на наредната недела, согласно информациите што ги има ќе биде постапено онака како што треба, со анализа на сите потребни документи што ги има МВР и ќе биде доставено известување до јавното обвинителство.

    „И тоа ќе се случеше и без оваа тема да биде отворена во јавноста и без да се отворат одредени шпекулации во јавноста и без да се спроведува оваа стратегија на напад на МВР од орган што добар континуитет наназад има два-три посто рејтинг. Сакајќи да се префрли тежината на непостапување, запирање на постапки“, нагласи министерот за внатрешни работи.

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Kуба, со помош на Кина, гради соларни полиња, откако САД ја блокираше доставата на нафта

    Шпанската полиција потврди дека е пронајдено телото на исчезнатиот американски студент без знаци на живот

    Кога парламентарниот молк станува јавен доказ во Турција

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.