Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл

    15/09/2026

    Села: Сите коалиции нè оставија на средина на патот, на наредните избори одиме сами

    15/09/2026

    Македонија идната година ќе учествува на Евровизија

    15/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Отворање на 16. Филозофски филмски фестивал со дистопискиот филм „Друг крај“ од Пјеро Месина и концерт на „Галактик ефенди“
    Култура

    Отворање на 16. Филозофски филмски фестивал со дистопискиот филм „Друг крај“ од Пјеро Месина и концерт на „Галактик ефенди“

    21/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Вечерва (четврток) е официјалното отворање на годинешното, шеснаесетто по ред, издание на Филозофскиот филски фестивал кое ќе се одвива во Младинскиот културен центар. Планирана е проекција на филмот „Друг крај“ (2024) од италијанскиот режисер Пјеро Месина, а потоа ќе се одржи концерт на „Галактик ефенди“.

    Со почеток во 20:00 часот во Младинскиот културен центар, публиката ќе може да проследи еден од филмовите во Официјалната селекција на долгометражни филмови. Станува збор за дистопијата „Друг крај“ кој замислува иднина во која технологијата се обидува да ја колонизира и смртта. Прикажан во натпреварувачката програма на Берлиналето, филмот на Месина се издигнува над жанровските конвенции на научната фантастика, трансформирајќи се во тмурна филозофска елегија за смртноста, идентитетот и неможноста вистински да се избрише онтолошката граница помеѓу животот и ништавилото.

    Во свечениот дел поздравни обраќања ќе имаат м-р Ѓорѓи Пулевски, програмски директор на Фестивалот и Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Република Италија во Скопје. Селекторот на ОСД, проф. м-р Кирил Трајчев ќе ја претстави годинешната селекција.

    По проекцијата, за време на коктелот, во бифето на МКЦ, ќе ги слушнеме „Галактик ефенди“ во состав: Филип Букршлиев – гитара, Нинослав Спировски – тенор и сопран саксофон,, Дориан Јовановиќ – бас и Дарио Циевски – тапани. Нивниот звук можете да го сфатите како огнените пророштва на Albert Ayler со саксофонски виежи и гитари што мелат како стар индустриски погон.

    Сите информации за Фестивалот, како и целосната програма, можете да ја најдете на pff.mk

    (Билетите за сето време на одржување на Фестивалот се 200 денари по проекција.)

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл

    15/09/2026

    Села: Сите коалиции нè оставија на средина на патот, на наредните избори одиме сами

    15/09/2026

    Македонија идната година ќе учествува на Евровизија

    15/09/2026

    Хари и Меган ги менуваат училиштата на своите деца по само два дена од безбедносни причини

    15/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Андоновски: Први ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг, отвораме владин центар за сајбер безбедност

    Чурлинов задоволен од последните настапи за Коџаели: Конечно ја пронајдов вистинската форма!

    Реал го праќа Мастантуоно на едногодишна позајмица

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.