Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Муцунски: Западен Балкан да престане да биде сива зона на Европа
    Политика

    Муцунски: Западен Балкан да престане да биде сива зона на Европа

    11/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Муцунски посочил дека државава постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, нагласувајќи дека е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што истакна, ја потврдува не само посветеноста на реформите, туку и јасната стратешка ориентација кон членство во Унијата.

    „Нашата порака до земјите членки е повеќеслојна. Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми, но и да се засили ангажманот за прашања кои одат и пошироко од самиот процес на проширување, особено во областите на безбедноста и одбраната, економијата и трговијата, енергетската безбедност, безбедноста на храната и дигитализацијата“,  истакнал министерот Муцунски.

    Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на агендата на Советот се дискутирало за односите на Европската Унија со Западен Балкан, при што разговорите беа насочени кон актуелните надворешно-политички и безбедносни прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на натамошното јакнење на соработката во областа на надворешната, безбедносната и одбранбената политика, руската агресија врз Украина, како и пошироките регионални последици од актуелните глобални случувања.

    Во обраќање, министерот Муцунски ја истакнал силната определба на државата да биде доверлив партнер на Европската Унија во справувањето со актуелните геополитички предизвици. Притоа, ја нагласи конзистентната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во оваа област. Се осврна и на важноста од вклучување на регионот во иницијативите на Европската Унија насочени кон јакнење на колективниот капацитет и отпорноста на надворешни безбедносни закани.

    „Посебен фокус во дискусиите беше ставен и на процесот на проширување на Европската Унија во актуелниот геополитички контекст, при што беше нагласено дека проширувањето претставува стратешка инвестиција за долгорочната стабилност и безбедност на регионот и Европа“, информираат од МНР.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Тие се сонце дури и во најтемните денови: ако ги имате овие хороскопски знаци покрај себе – имате среќа

    Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел

    Костадинов на позајмица во Словачко! (ФОТО)

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.