Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Арбен Фетаи не се огласи со двоглавиот модел на лидерство во Вреди и замина за Тајланд
    Македонија

    Арбен Фетаи не се огласи со двоглавиот модел на лидерство во Вреди и замина за Тајланд

    30/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Информацијата дека подолго време не е на работа неодамна ја потврди и премиерот Христијан Мицкоски. „Со Фетаи се видовме пред неколку недели и во разговор ми рече дека тој повеќе не се гледа во овој состав на владата кој јас го предводам“, рече премиерот и додаде дека од Фетаи добил барање дека сака да се врати во Брисел, од каде што дојде на предлог на Вреди да биде вицепремиер. „Јас му предложив дека би сакал да го искористиме да работи нешто за Владата, односно да биде наш специјален преставник во Брисел. Размислувам како да го ангажираме“, рече Мицкоски.

    Неговите актуелни и бивши сопартијци од Алијансата за Албанците први објавија дека Фетаи не оди на работа. Министерот за здравство Азир Алиу рече дека повеќе од еден месец не дошол на владина седница.

    Пред 15 дена на официјалниот владин фејсбук профил Фетаи напиша дека не е согласува со одлуката на коалицијата Вреди, по обединувањето во една партија да имаат двајца партиски лидери.

    „Јас не се согласувам со двоглавиот модел на лидерство на Вреди. Имаме суштински разлики. Овој став не беше мој како Арбен, туку колективна едногласна одлука на Алијансата на Албанците, вклучувајќи го пратеникот Муса и министерот Алиу. Што ги мотивираше моите сопартијци да го прифатат овој модел преку ноќ, без дебати и без нова одлука во Управниот совет на АА, треба тие самите да си кажат. Секогаш сум се водел и ќе продолжам да се водам од моите убедувања и принципи, а не од моменталните интереси или ниските политички пресметки… Сојузот на Вреди не треба да се според имиња, туку врз јасна визија, дефинирани вредности, принципи и правила, без наметнување, без брзање и без предавство. Вистината доаѓа само со факти, а не со инсинуации. Отворен сум за секаква дебата заснована на аргументи. Немам никакви несогласувања со лидерите на Вреди, Изет Меџити, Билал Касами, Беким Сали и Беким Ќоку“, напиша на својот фејсбук-профил Фетаи.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Вучиќ: Побарав од Кфор да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово

    Претстава, филм и концерт викендов на Скопско лето

    Новото Okaïdi онлајн искуство: побрзо, полесно и поубаво шопинг патување

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.