Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Гаши во Словенија: Дали ЕУ навистина сака проширување?
    Македонија

    Гаши во Словенија: Дали ЕУ навистина сака проширување?

    29/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Да бидеме искрени дека земјите од Западен Балкан денес се во многу аспекти подобро подготвени од некои земји што се зачленија на претходните бранови на проширувањето. Оваа реалност заслужува да се препознае во политичкото одлучување и да се одрази во пофер пристап. Во овој случај Западен Балкан не е периферија што треба да се остави да чека, туку дел од Европа што се стреми да се комплетира“, рече Гаши.

    Тој верува дека похрабaр пристап би бил непосредната интеграција на сите шест земји од Западен Балкан како заеднички пакет.

    „Колку побрзо станеме дел од ЕУ толку побрзо ќе се консолидираат демократските стандарди, ќе се зајакне владеењето на правото и ќе се решат билатералните прашања што во моментов го попречуваат напредокот. Историјата на самите европски земји покажа дека интеграцијата е најефикасниот инструмент за помирување и стабилност“, рече Гаши.

    Сепак, додаде тој, нашиот пат во оваа насока не беше линеарен и беше проследен со искушенија кои честопати ги надминуваа самата логика и критериумите на процесот за членство.

    „Како што знаете, билатералните прашања оставија длабоки траги во темпото на нашата интеграција. И сепак, ние избравме дијалог наспроти конфликтот и компромис наспроти стагнацијата“, рече тој.

    Претседателот на Собранието рече дека денес се соочуваме со замор од проширување во рамките на Европската Унија, но во исто време, замор од стагнација кај земјите-кандидати.

    „Овој јаз во кредибилитетот ризикува да создаде ‘постојана чекална’, што не само што ги обесхрабрува реформите, туку и ја поткопува довербата на граѓаните во европскиот проект, што за мене е поопасно“, нагласи тој.

    Во овој контекст, посочи дека е важно да се биде искрен за две прашања: Дали ЕУ навистина сака проширување? И, колку е вистинската волја на земјите-членки за проширување. Бидејќи, како што рече, проширувањето, во суштина, е договор за доверба што бара одговорност и храброст од двете страни.

    Настанот се одржува во присуство на истакнати политички и институционални личности од Европа, регионот и пошироко, вклучувајќи поранешни шефови на држави, високи претставници на ЕУ, како и специјални пратеници за Западен Балкан, соопшти собраниската прес-служба.

    Поврзани вести

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026

    Повеќе од 5.000 корисници на социјална помош биле клиенти на Алта банка

    03/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Салма Хајек и нејзините ќерки блескаат на гала вечера во Венеција

    САД процени дека трошоците за војната со Иран се над 11 милијарди долари за шест дена

    Уапсена воена адвокатка во Израел која сподели видео како израелски војници малтретираат палестински затвореник

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.