Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Најубавата жена на светот го прослави својот 62-ри роденден: „Не можеш да се бориш против стареењето“

    01/10/2026

    То Вима: Грција бара измени во македонските учебници поради наводни прекршувања на Договорот од Преспа

    01/10/2026

    Кејт Мидлтон откри која домашна обврска сака да ја извршува: „Навистина уживам во тоа“

    01/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Лани биле евидентирани 41 случај на ХИВ/СИДА, најпогодена е популацијата од 20 до 39 години
    Македонија

    Лани биле евидентирани 41 случај на ХИВ/СИДА, најпогодена е популацијата од 20 до 39 години

    25/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во 2025 година во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнати се пријави за 41 новорегистрирано лице на ХИВ/СИДА во Македонија, што е инциденца од 2,1 на 100.000 жители. Лани е регистрирано намалување на бројот на новодијагностицирани случаи во однос на претходната година и десетгодишниот просек, но долгорочниот тренд (последни 10 години) укажува на постепено зголемување на бројот на случаи, што укажува дека епидемијата останува активна, информираат одговорните во ИЈЗ, во новиот извештај за спроведени активности согласно програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција.

    „Во 2025 година од регистрираните случаи, 39 се од машки пол, 2 од женски пол. Возраста на случаите не отстапува значително од возрасната дистрибуција од предходно пријавените случаи. Просечната возраст на новите случаи е 35,2 години, а е во опсег од 23 до 64 година, 73,2 отсто од случаите се на возраст од 20 до 39 години“, наведено е во извештајот.

    Од анализата на пристигнатите пријави се забележува дека во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција (достапен податок за 35 лица), регистрирани 5 лица со хетеросексуална трансмисија и 30 лица од
    МСМ популацијата.

    „Бројот и пропорцијата на регистрирани случаи кај МСМ го следи трендот од претходниот период, она што загрижува е порастот на преваленцата на ХИВ кај оваа популација. Според резултатите од последното истражување од 2018 година, кај мажите кои имаат секс со мажи во Скопје, проценетата преваленца е 5,4 отсто, што значи дека во РСМ за прв пат се регистрира концентрирана епидемија кај одредена популациона група“, потенцирано е во извештајот.

    Во делот на заклуоците е наведено дека епидемиолошката состојба со ХИВ/СИДА во Македонија и понатаму се карактеризира како ниско-превалентна, со релативно ниска инциденца споредено со земјите од ЕУ/ЕЕА. Но сепак, податоците укажуваат на континуирано присуство на инфекцијата и одредени неповолни трендови кои бараат засилено внимание.

    „Епидемијата во Македонија има изразено концентриран карактер, со доминантна застапеност кај мажи кои имаат секс со мажи (МСМ), што е во согласност со трендовите во европскиот регион. Загрижува податокот за висока преваленца во оваа популација, што укажува на постоење на стабилни трансмисиони мрежи. Возрасната структура на новите случаи покажува дека најпогодена е популацијата на возраст од 20–39 години, односно сексуално активната популација, што има значајни импликации врз јавното здравје и економската продуктивност“, се наведува во заклучоците.

    Во однос на препораките, одговорните во ИЈЗ навеле дека е потребно проширување на достапноста на доброволно доверливо тестирање, посебно во урбани средини и региони со повисок број случаи.

    „Потребно е и активно таргетирање на клучни популации преку соработка со невладини организации, како и кампањи за подигнување на свеста за значењето на редовно тестирање, а потребно е и зајакнување на системот за рутинско собирање и анализа на податоци“, пишува во документот.

    Поврзани вести

    Министерството за транспорт го правда тендерот: Електричните автобуси се набавени законски

    30/09/2026

    Заради поплавата во зградата на „Нова Македонија“, вработените ќе работат од дома

    30/09/2026

    Петмина приведени за тероризам и трговија со оружје

    29/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Најубавата жена на светот го прослави својот 62-ри роденден: „Не можеш да се бориш против стареењето“

    01/10/2026

    То Вима: Грција бара измени во македонските учебници поради наводни прекршувања на Договорот од Преспа

    01/10/2026

    Кејт Мидлтон откри која домашна обврска сака да ја извршува: „Навистина уживам во тоа“

    01/10/2026

    Министерството за транспорт го правда тендерот: Електричните автобуси се набавени законски

    30/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Изгласана потребата од носење предлог закон за Судски совет

    Почина Кетрин О’Хара

    Иран им нуди нов мировен предлог на САД, но Трамп „не е задоволен“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.