Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Пратеничката Василевска бара одговори од Советот на Европа за забраната за влез во Бугарија на адвокатот Менкиноски
    Македонија

    Пратеничката Василевска бара одговори од Советот на Европа за забраната за влез во Бугарија на адвокатот Менкиноски

    21/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Прашањето кое Василевска го поставила на сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа поради ограничувањето од 30 секунди, интегрално, во писмена форма, на англиски и француски јазик го доставила и до канцеларијата на Берсе.

    „Почитуван Генерален секретар, како член на македонската делегација, дозволете ми јасно и директно да прашам: дали Советот на Европа ќе реагира, и со кои конкретни механизми ќе постапи во случајот со адвокатот Менкиноски, кому му е изречена десетгодишна забрана за влез во Република Бугарија, и тоа во својство на адвокат активно ангажиран во постапки пред Европскиот суд за човекови права”, прашува Василевска.

    Македонската пратеничка укажува дека оваа мерка на Бугарија отвора сериозни сомнежи за повреда на повеќе членови од Европската конвенција за човекови права: член 6 , правото на правично судење, кое подразбира ефективен пристап до адвокат и непречено правно застапување; како и  член 18 од Конвенцијата – забрана за злоупотреба на ограничувања на правата за цели различни од оние пропишани со Конвенцијата.

    „Истовремено, ваквата постапка е во директна спротивност со Конвенцијата за заштита на адвокатската професија на Советот на Европа, која јасно утврдува дека адвокатите мора да можат да ги вршат своите професионални функции слободно, независно и без заплашување, попречување или неоправдано мешање, особено кога постапуваат пред меѓународни механизми за заштита на човековите права”, се наведува во прашњето до Берсе.

    ,,Во оваа насока, прашувам: дали Советот на Европа ќе иницира итно утврдување на фактите, институционален дијалог и формално разгледување на овој случај, со цел да се спречи создавање на опасен преседан кој директно го загрозува функционирањето на европскиот систем за заштита на човековите права?
    Конкретно, дали Вие, во рамки на вашите овластувања согласно член 52 од Европската конвенција за човекови права, ќе побарате формални објаснувања од бугарските власти за усогласеноста на нивното постапување со Конвенцијата?
    Дали ќе се активира воспоставената пракса на Советот на Европа за институционален дијалог, мониторинг и надзор, вклучително и преку механизмите на Комитетот на министри, особено кога станува збор за мерки што влијаат врз пристапот до правда и функционирањето на Конвенцискиот систем”, прашува Василевска.

    Таа дополнително поставува прашање дали имајќи го предвид потенцијалниот „chilling effect“ врз адвокатите кои постапуваат пред Судот, како и ризикот од поткопување на довербата во целиот систем, Советот на Европа ќе преземе итни, јасни и решителни чекориво рамки на својот мандат за заштита на владеењето на правото и независноста на адвокатската професија?

    „Очекуваме недвосмислена и принципиелна реакција“, му пишува Василевска на генералниот секретар на Советот на Европа.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Цената на нафтата падна по најавите за обезбедувањето на бродовите низ Ормускиот теснец, но останува над 100 долари

    Уапсена воена адвокатка во Израел која сподели видео како израелски војници малтретираат палестински затвореник

    Николоски: Масовно излезете во Битола за Тони Коњановски да ги добие изборите во првиот круг

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.