Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.
Причините за ваквата состојба, како што додаваат, се технички, односно, се изведуваат тековни активности за надградба на опремата.
„Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите. Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето“, се наведува во соопштението.

