Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: Неговата содржина останува мистерија

    24/11/2026

    (Фото/Видео) Откако се појави на неколку настани без скапоцениот прстен, Сабаленка повторно е во центарот на вниманието

    24/11/2026

    Целосен пресврт во Nvidia: Јенсен Хуанг се враќа на чело на компанијата по само 11 дена

    23/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Комитетот за човекови права на ОН: Бугарија ја прекршува слободата на здружување одбивајќи регистрација на организација на етничките Македонци
    Македонија

    Комитетот за човекови права на ОН: Бугарија ја прекршува слободата на здружување одбивајќи регистрација на организација на етничките Македонци

    10/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Невладината организација „Правозаштитен комитет Толерантност”, врз основа на Законот за непрофитни правни субјекти и покрај тоа што ги достави сите релевантни документи и дополнително побарани информации за активностите на здружението, доби немотивирана одлука со која регистрацијата беше одбиена, наведувајќи само неколку одредби од законот. Оваа негативна одлука беше дополнително потврдена од Апелациониот суд без конкретно образложение, констатирано е од страна на Комитетот за човекови права на ОН, а информираат од ОМО Илинден – Пирин.

    “Постоењето здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението. Овој израз на плурализам, разновидност и толеранција го води тековното работење на Комитетот во врска со неговиот нацрт-Општ коментар бр. 38 за правото на слобода на здружување” рече Ивон Дондерс, членка на Комитетот.

    Комитетот заклучи дека судските одлуки биле нејасни и претерано формалистички, истакнувајќи дека домашните власти не ги зедоа предвид дополнителните информации што ги достави жалителот во прилог на неговата пријава за активностите на непрофитната организација за заштита на човековите права, ниту објаснија кои одредби од законот биле прекршени. Затоа, Комитетот заклучи дека државата не го оправда одбивањето за регистрација на организацијата ниту покажа дека одбивањето било неопходно и пропорционално.

    Комитетот за човекови права ја повика Бугарија да ги преиспита домашните судски одлуки со кои е одбиено регистрирањето и да му обезбеди на жалителот компензација. Исто така, побара од Бугарија да достави извештај во рок од 180 денови за мерките што ги презела да ја исправи ситуацијата.

    Комитетот за човекови права на ОН го следи почитувањето на државите-страни на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, кој до денес е ратификуван од 175 држави-страни. Комитетот е составен од 18 членови кои се независни експерти за човекови права од целиот свет, кои служат во личен капацитет, а не како претставници на државите-страни. Факултативниот протокол на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права им овозможува на поединците да поднесат жалби против 116 држави-страни на Факултативниот протокол за кршење на нивните права содржани во пактот. Факултативниот протокол им наметнува на државите-страни меѓународна правна обврска да се придржуваат во добра намера кон ставовите на комитетот.

     

    Поврзани вести

    Набавени нови вакцини против сезонски грип, над 23.000 граѓани добија термин за вакцинација

    23/11/2026

    Цената на бензините се намалува за два, а на дизелот за 3,5 денари

    23/11/2026

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: Неговата содржина останува мистерија

    24/11/2026

    (Фото/Видео) Откако се појави на неколку настани без скапоцениот прстен, Сабаленка повторно е во центарот на вниманието

    24/11/2026

    Целосен пресврт во Nvidia: Јенсен Хуанг се враќа на чело на компанијата по само 11 дена

    23/11/2026

    Вештачката интелигенција ви ја зема работата, а вие влегувате во виртуелна реалност: Старите пораки ја откриваат дистописката идеја на извршниот директор на Антропик

    23/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    Од јануари до јули годинава Македонија ја посетиле 730.793 туристи

    (Фото/Видео) Модната историја на Крис Џенер: Се појави во наметка што некогаш ја носела Елизабет Тејлор

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.