Градот Скопје одбројува до стартот на Светското училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи од 21 до 29 април. Македонија за првпат е домаќин на едно вкво големо натпреварување кое е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
Македонскиот репрезентативен пикер, Милан Лазревски – Мечка, испрати порака до сите љубители на овој спорт, ги повика да дојдат на 21 април на плоштад Македонија на свеченото отварање – да ги поддржат идните ракометни ѕвезди од целиот свет.

