Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Проблемите со Украина и Русија може да го укинат ветото во ЕУ
    Политика

    Проблемите со Украина и Русија може да го укинат ветото во ЕУ

    05/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Вадефул нагласи дека искуствата од последните недели, особено во врска со помошта за Украина и санкциите против Русија, покажуваат дека сегашниот модел не функционира доволно брзо.

    „Поддржувам систем на квалификувано мнозинство во ЕУ. Сите случувања поврзани со Украина и мерките против Русија потврдуваат дека е време за промени“, истакна тој.

    Во Советот на ЕУ моментално постојат два модела на гласање. Во чувствителни области, како заедничката надворешна и безбедносна политика, важи принципот на едногласност –  односно едно единствено вето го блокира целиот процес. Наспроти тоа, квалификуваното мнозинство – засновано на т.н. „двојно мнозинство“ – веќе се применува во голем број други области. За да помине одлука, потребно е најмалку 55% од земјите-членки (15 држави) кои претставуваат најмалку 65% од населението на  ЕУ.

    Иако една земја може да гласа „против“, Советот сепак останува функционален – нешто што, според поддржувачите на реформата, би ја засилило способноста на Унијата да реагира навремено.

    Повеќе министри за надворешни работи на ЕУ и во минатото повикуваа на поголема употреба на квалификуваното мнозинство, меѓу нив и поранешната германска министерка Аналена Бербок.

    Идејата за укинување на консензусот и за текот на преговорите со земјите кандидати, како на пример со Македонија, во Брисел сѐ почесто се оценува како можен чекор за деблокирање на многу прашања во ЕУ. Предводник на идејата за укинување на едногласното одлучување во ЕУ е претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Оваа идеја е поддржана и од Австрија, Словенија, Германија и Италија. За укинување на едногласноста за техничките прашања во текот на преговорите, претставници на европските земји тврдат дека досега поддршка има од 16 членки на Унијата.

    Преговорите на Македонија за евроинтеграциите се заглавени поради условот од Бугарија за промена на македонскиот Устав со вметнување на бугарската заедница во Преамбулата во Уставот. Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со ова и бара гаранции дека нема да има други условувања и вета од Бугарија.

    Македонија и Бугарија во 2017 година потпишаа Договор за пријателство, добрососедство и соработка. И покрај тоа, Софија во ноември 2020 стави вето за почеток на пристапните преговори на Скопје поради спор околу јазикот, историјата и бугарското малцинство. Тогаш, со посредство на Брисел, беше пронајден компромис за преговарачката рамка на Македонија која прифати во Преамбулата од Уставот, покрај веќе постоечките, да се додаде и бугарската заедница.

    На 19 јули 2022 година беше одржана Првата меѓувладина конференција со ЕУ во рамки на пристапниот процес. За да се одржи втората и да почнат да се отвораат поглавјата македонското Собрание треба да го смени Уставот.

    А.Д.

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

    Поврзани вести

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

    Барса и Реал Мадрид влегуваат во битка за потписот на дефанзивец на Баерн

    (Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.